Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.01.2017, 19:17

ДЕН ПО ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАНДАТОТ ЗА СОСТАВУВАЊЕ ВЛАДА

Груевски размени идеи со коалициските партии

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера имаше средба со лидерите на коалиционите партии со кои заеднички настапија на изборите на 11 декември.

Средбата се одржа еден ден откако претседателот Ѓорге Иванов му го додели на Груевски мандатот за составување на новата влада. На средбата било разговарано за позициите кои мандатарот Груевски ќе ги има при водењето на преговорите со албанските партии за составување на идната влада. Груевски и пред коалиционите партнери го изнел својот став дека ќе се обиде да состави влада, но не по секоја цена. Тоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги изјави пред неколку дена и во интервју за дневниот весник "Дневник".
Груевски најави и кадровски промени и освежувања.



"Планирам кадровски промени и освежувања. И тоа најмногу во т.н. трет ешалон. Одејќи во кампањата од место до место, увидов дека во многу места има оправдан револт од т.н. трет ешалон. Некои од нив се и предолго на иста позиција, и почнале да се рутинизираат и да се однесуваат премногу бирократски. Ги загубиле жарот и енергијата. Има такви и во првиот и во вториот ешалон. Има и луѓе кај кои е видлив заморот. Има и такви што ги загубиле енергијата и високата мотивираност што ја имаа. Имаат капацитет, имаат знаење, имаат искуство, и сето тоа е во ред. Но немаат жар, го немаат еланот од порано. Знаете, секој што не се бори за успех на институцијата која ја води, со ист елан, енергија, мотив, жар како да се бори за своја приватна фирма од која му зависи личниот опстанок, значи дека го достигнал зенитот и треба да се замени со некој друг кој, можеби, во почетокот ќе е помалку искусен или ќе има нешто помалку знаење, но ќе има жар, мотивираност", рече Груевски. (А.А.)


Текстот е прочитан 661 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter