Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 13:32

Бесплатен јавен превоз во Скопје до намалување на аерозагадувањето

Градот Скопје од 7. февруари воведува бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје се до моментот на намалување на аерозагадувањето, соопшти градоначалникот Коце Трајановски.

Превозот ќе биде бесплатен се додека нивото на аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.

Град Скопје заедно со општините ќе ја интензивира контролата на градилиштата и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари.

Овие мерките и препораките кои ги донесе Трајановски се во согласност со Законот за намалување на амбиенталниот воздух и во насока на намалување на загадувањето на воздухот, а се во согласност со ингеренциите што ги има како градоначалник на Град Скопје.

Трајановски апелира до вработените во Град Скопје да доаѓаат на работа со автобус, и додаде оти службените возила ќе ги користат исклучиво градскиот инспекторат.

- Доколку дозволат временските услови Град Скопје ќе продолжи да ги прска градските улици со средството калциум магнезиум ацетат, рече Трајановски и додаде дека за тоа имаат доволен број возила и средства.

Според него, согласно постојните закони не може да се воведе мерката пар-непар. Трајановски апелираше до министерствата да се измени Законот, со што ќе се овозможи воведување на оваа мерка во Град Скопје.


Текстот е прочитан 1367 пати.
#
Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември
Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter