Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.02.2017, 14:20

Проглас на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија денеска објави проглас со кој се бара од политичките партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на нашата држава.

- Македонија е модерна граѓанска република. Македонците, Албанците, Србите, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и другите живеат во единствената матична држава на македонскиот народ, се уште во 21 век е соочен со негирање и дискриминација. Бараме ниту една политичка партија во Македонија да не ја потхранува и уважува дискриминаторската политика на одредени земји, се наведува во прогласот.

На прес-конференција Прогласот го претставија Игор Дурловски, Александар Русјаков, Борис Дамовски, Елена Мисиркова и Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија.

Мисиркова повика за семакедонско, сеграѓанско помирување и смирување на страстите за, како што рече, да го осознаеме она што е виш интерес за сите оние што живееме и твориме за и во Република Македонија.

Дамовски рече дека иницијативата ќе биде спроведена со мирен граѓански марш денеска во 17 часот пред Владата на Република Македонија.

- Ова е повик до сите граѓани на Република Македонија. Ги повикуваме сите учесници да се приклучат на мирен, достоинствен и неисклучувачки начин да ја искажат својата тивка демократска волја, изјави Дамовски.

Добредојдени се сите, посочи тој, се додека не се истакнуваат политички и верски симболи, како и да нема шовинистички и навредливи пароли.

Во прогласот, исто така, се бара ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија, како што стои во Прогласот, е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не се остапува.


Текстот е прочитан 1629 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter