Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.01.2017, 13:25

Четкар во март на фестивалот "Џава Џез " во Индонезија

Македонскиот џез гитарист Владимир Четкар е првиот македонски музичар кој ќе настапи на еден од најпрестижните џез фестивали во светот, "Џава Џез Фестивалот" кој се одржува на на 3 март во Џакарта, Индонезија.

На овој фестивал редовно настапуваат најпопуларните музички имиња како Стинг, Џорџ Бенсон, Стиви Вондер, Херби Хенкок, Џон Леџенд, , Шака Кан, Џејми Кулум, Пети Оустин, Карлос Сантана, Ентони Брекстон, Кул енд д Генг, Чик Кореа, Инкогнито, Мецофорте, Ли Ритенор, Ди Ди Бриџвотер и многу други.Четкар на Џава фестивалот ќе се претстави на една од главните сцени со своја авторска музика.
Четкар неодамна се врати во Македонија од турнејата во Малезија, Камбоџа и Индија каде настапи на тамошните најзначајни џез музички фестивали. За неговите настапи тој доби позитивни критики од националните медиуми во Југоисточна Азија и Индија. Неговиот концерт во Бомбај беше најавен и во најпродаваниот дневен магазин на англиски јазик во светот, "Тајмс оф Индија". (А.Г.)


Текстот е прочитан 275 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter