Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.03.2017, 11:36

ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 27,1, СДСМ 21,8 отсто од испитаниците

ВМРО-ДПМНЕ ужива поголема доверба од СДСМ кај граѓаните, покажуваат податоците од најновата анкета спроведена од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во декември минатата година според ИПИС бил 25,5 отсто, додека сега е 27,1 отсто. СДСМ за предвремените парламентарни избори имале рејтинг од 24,4 проценти, а сега изнесува 21,8 проценти, додека кај албанските партиите се забележува пад на рејтингот.

Доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори, најголема поддршка од граѓаните 27,1 отсто ќе добие ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 21,8 отсто. За ДУИ би гласале 4,6 отсто од испитаниците, за БЕСА 2,1, за Алијансата на Албанците 1,1, за ДПА 0,9 отсто, додека 18,7 нема да гласаат ниту за една политичка партија.

Анкетата покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 34,3 отсто од етничките Македонци, додека за СДСМ 24,3 отсто од испитаниците.

Етничките Албанци најголема доверба имаат во ДУИ од 21,4, додека 13 отсто од нив својот глас би го дале за СДСМ. ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците според анкетата имаат доверба кај испитаниците под 10 проценти.

Анкетата е спроведена во периодот помеѓу 10. и 13-ти овој месец на 1.100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.


Текстот е прочитан 1271 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter