Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.02.2017, 13:08

АКТЕРИТЕ ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ И ИГОР СТОЈЧЕВСКИ - ГЕЈ-ДВОЈКА ВО ХУМОРИСТИЧНАТА СЕРИЈА "ПРЕСПАВ"

На публиката и се допадна хуморот, а не сексуалната ориентација

Со македонската хумористична серија "Преспав", која неодамна заврши и се прикажуваше во ноќниот термин на ТВ "Телма" , Игор Стојчевски и Васил Зафирчев ги собраа симпатиите на публиката кога на крајот од серијата изненадија дека се во геј-врска.

Двајцата, Игор како Тони, еден од тројцата браќа и сопственик на пансионот "Преспав", и Васил како готвачот Марио од Хрватска успеаја со низа комични ситуации да ја насмеат публиката и да докажат дека се одлични карактери.
На прашањето како е да се игра улогата на геј, со тоа што се смета дека за прв пат во македонска серија актери играат геј-двојка, Игор Стојчевски вели:
"И јас и Зафирчев сме долгогодишни актери, дипломиравме во иста класа и се познаваме уште како студенти. Секако дека треба да ја одиграме улогата, каква и да е, онака како што сметаме дека е најдобро. Всушност, јас и во театарот сум играл геј-лик, во една претстава, па тоа на некој начин ми помогна да го одиграм и ова во серијата".
Стојчевски вели дека не знае дали ова е првата македонска серија во која актерите играат геј-двојка, но и да е така, вели тој, тоа е знак дека веќе општеството и сфаќањата на луѓето се менуваат.
"Ние сме актери и нема тука што да се дискутира. Играме улоги. Но, да бидам искрен, добро е што луѓето не се фокусираат на тоа кој каква сексуална определба има, туку на тоа што ние, како актери, успеавме да го генерираме сето ова низ комични ситуации, и да $ се допадне на публиката", вели познатиот актер.
Игор ни раскажа дека снимањето на "Преспав", иако напорно, поминало супер, пред сè, поради одличната соработка помеѓу целата екипа.
"Напорно е, затоа што секој ден добивавме ново сценарио, кое требаше да се научи и да се игра дента, но сето тоа беше голем предизвик, а ние соработуваме супер и серијата помина супер", вели Стојчевски.
Во текот на април, ќе се снима и втората сезона на "Преспав", која ќе има 40 епизоди. (А.Г.)


Текстот е прочитан 1671 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter