Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.03.2017, 12:16

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ИЗЛОЖБАТА НА ЗОРАН КАРДУЛА ВО ЧИФТЕ АМАМ

Сексапилот доаѓа од очите

Изложба која ја прикажува мешавината на сексапилот, на елеганцијата, мистичноста и на убавината на жената, на класичното и на модерното се комплиментите кои деновиве ги добива графичкиот дизајнер и уметник Зоран Кардула за неговата изложба "Жените и по некој маж", која во петокот се отвори во НГ Чифте амам.

Како ретко изминативе години, Кардула собра разновидна публика, задоволни гости што ги ценат уметноста и пријателството, кои му честитаа дека има изложба за паметење, која не смее да се пропушти.
Изложени се 40 дела - дигитални графики и комбинација на туш-техника со дигитален колорит. Тие се изработени во периодот од 2015 до 2017 година.
Делата се портрети на девојки, на жени, но, како што вели Кардула, може да биде и еден лик што се појавува во различен временски период, со различна приказна зад себе.
Во нив жената може да се препознае себеси или, пак, друга жена.
"Моите пријатели и љубителите на мојата уметност често ме прашуваат: 'Сe уште ги црташ жените?' Затоа, сакав да ставам и некој маж, кој уште повеќе ќе ја потенцира жената и ќе даде малку егзотика. Главен двигател се очите и говорот на телото", истакнува Кардула.
Зоран Кардула стана актуелен во современата македонска уметност, а и во регионот, по објавувањето на неговите редизајни на познати некогашни југословенски брендови, како и по објавите во светски познати портали, по победата на постер натпреварот на Латино-филмскиот фестивал, по изложбата во Минесота на постери на тема за Советската неоконструктивистичка пропаганда.
Кардула е најпознат по графиките на женските портрети, за кои вели дека се инспирирани од убавината на дамите во '20-тите години на минатиот век и нивната софистицирана меланхолија. Сепак, Кардула е и омилен уметнички лик, кој како активист и графички дизајнер е автор на повеќе решенија на принтови за слобода во сите сфери на општествениот живот.
Изложбата "Жените и по некој маж" во Чифте амам ќе биде отворена до петок.

(К. Р.)
Фото: Amanito photograhy


Текстот е прочитан 1471 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter