Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.03.2017, 14:06

ВО АВСТРАЛИЈА СТАРТУВАШЕ НОВАТА СЕЗОНА ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФОРМУЛА 1

Фетел го надмудри Хамилтон и го прекина постот на Ферари

Една погрешна тактичка одлука на тимот го чинеше Мерцедес победа на трката за Големата награда на Австралија, со која беше отворена 71. сезона од Светското првенство во Формула 1.

Ова го искористи Себастијан Фетел, кој на Ферари му ја донесе првата победа од 2015 година, откако триумфираше пред двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон-Валтери Ботас.
Хамилтон стартуваше од пол-позицијата, но тимот реши порано од останатите да го повика во бокс на промена на гумите, а кога се врати на патеката, остана заглавен зад Макс Ферстапен. Фетел извозе неколку круга повеќе пред да влезе во бокс и откако успеа да го помине Хамилтон, потоа немаше проблеми да го зачува водството до крајот.
- Има многу до крајот, но во овој момент, целиот тим е задоволен и среќен. Не бев задоволен со стартот, но успеав да го одржам притисокот врз Луис и да му дадам на знаење дека сум тука и дека ќе се борам. Имав и малку среќа, бидејќи Луис влета во мешаница по враќањето на патеката. Ова беше луда трка, но во позитивна смисла - изјави Фетел по 43. победа во кариерата, но прва од Сингапур пред година и пол.
Хамилтон беше видно разочаран со второто место, но затоа Ботас ги оправда очекувањата, па на својата прва трка како наследник на шампионот Нико Розберг стигна до подиумот.
- Следен пат. Секоја чест на Фетел и на Ферари! Ние се мачевме со гумите и моравме да ги промениме. Ништо, одиме понатаму - кажа Хамилтон.
Седуммина возачи не ја завршија трката, вклучувајќи го и Даниел Рикардо, за комплетно лош викенд на Ред бул.



Текстот е прочитан 647 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter