Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.03.2017, 11:48

МЕЃУНАРОДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ХУМАНИТАРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ЛАЈОНСИ ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА

Само девет дена бев дома со семејството

Роберт Карлоу, кој приватно е пензиониран канцелар за државата Тенеси и професор по право, неделава престојуваше во Македонија, по повод одбележувањето на 100 години лајонизам во светот и 20 години во Македонија. Неговото гостување во земјава го искористивме како можност да поразговараме за активностите на лајонизмот на глобално ниво, но и за проектите на македонските лајонси. Карлоу, кој е по потекло од Милтон, Тенеси, САД, од јуни лани ја извршува функцијата меѓународен претседател на хуманитарната асоцијација на Лајонс клубови во светот која, преку Дистриктот 132, во Македонија постои веќе 20 години.

Претпоставувам дека сте првпат во Македонија. Како ги доживеавте земјата и народот. Кои се вашите први впечатоци?

Да. Првпат сум во Македонија. Иако не сум ниту цел ден во вашата земја, сепак, моите први импресии се дека луѓето се многу топли и отворени, и пријателски расположени. Исто така, импресиониран сум од вашата земја и од градот Скопје, од тоа колку е градот чист, и вистинско уживање е да се биде овде. Ми претставува особено задоволство и радост да ги запознаам сите лидери, како и членовите во Лајонс клубот, кои во Македонија работат толку напорно за да ги реализираат проектите на организацијата и да ги направат општеството, државата, но и светот едно подобро место за живеење.

Дали Македонците се хуман народ?

Лајонсите кои имав можност да ги запознаам, се многу хумани. Оттука можам да заклучам дека и Македонците се хуман народ. Како и сите останати лајонси овде, но и надвор од Македонија, ние постоиме за да им служиме на луѓето. 

Поводот за вашето гостување е 100 години лајонизам во светот и 20 години во Македонија. Дваесет години, гледано глобално, не се многу, но според нашите закони, организацијата е веќе полнолетна. Според вас, колку е созреан лајонизмот во Македонија, и дали е потребно уште многу работа и искуство?

Дваесет години, навистина, не се многу. Но, вистина, и 100 години не се многу. Светот се менува многу брзо, и за една година се јавуваат многу нови предизвици. Согласно проблемите, лајонсите секаде во светот работат на развој на нови проекти, од кои поголемиот број се поврзани со откривање и лекување на нови болести. Македонците лајонси, како членови на Лајонс интернешнл, играат голема улога во целокупната работа на Лајонс. Ние, како лајонси, прославуваме 100 години постоење, меѓутоа постоиме од 1917, а во Македонија од 1997 година. Се надеваме дека ќе ја продолжиме нашата работа на глобално ниво. Македонците играат голема улога во целокупната работи на Лајонс интернешнл.

Моментално сте на многу одговорна и ангажирана функција на организацијата Лајонс интернешнл. Наоѓате ли време целосно да се посветите на работата и на семејството, како и на обврските во Лајонс?

Работата во Лајонс клубот одзема, навистина, многу време за оние што се посветени и трудољубиви членови. Имаме многу членови низ светот кои се многу посветени и трошат од своето време на хумана работа. Годишно, лајонсите поминуваат 30 милиони часови за да ги остварат своите цели и да му помогнат на општеството. Лично јас , како интернационален претседател, чиј мандат истекува во јули годинава, поминав само девет дена во својот дом. Се надевам дека до јули ќе поминам уште два дена со моето семејство. Можам да кажам дека моето семејство доста често не ме гледа во текот на годината. Имам пет возрасни деца и осум внуци. Со моите деца и внуци се слушам на фејстајм и преку и-мејл пораки. Многу олеснува модерниот начин на комуникација, што многу ми значи во моментот. Но, исто така, од друга страна, јас сум претседател само една година, и сакам да ги искористам сите оние можности кои ми се понудени преку оваа лајонс функција. Да посетам многу земји и да запознаам многу нови луѓе, секако, да учествувам во реализација на многу проекти.

Член сте на Лајонс клуб во САД скоро 40 години. Колку лајонс часови од својот живот посветивте досега на хуманитарна работа?

Ова е, навистина, многу добро прашање. Станав лајон во 1978 година. За овие 40 години не можам ниту самиот да избројам колку саати сум посветил на лајонизмот и сум им служел на лица на кои навистина им е потребна помош. До пред две години, кога се пензионирав, во тие часови влегуваа мојата работа за Лајонс, мојата професионална работа и семејство. Не би можел да избројам ниту во колку хуманитарни проекти сум учествувал сиве овие години. Но сведок сум на тоа дека лајонсите се навистина посветени и макотрпно работат, така што достигнуваат и до 10 проекти на ден.

Што е тоа што целото ова време ве држи активен во клубот?

Задоволството што може да се види на лицата на кои сум им помогнал е главната мотивација, која цело време ме држи активен во оваа организација. Да се биде дел од Лајонс, значи да се работи заедно. Да се биде дел од Лајонс, значи отворање нови можности за полесно пронаоѓање проекти со кои може да им се помогне на луѓето од нашата заедница.

Кои се придобивките од тоа што носите лајонс значка. Дали сте поценет во општеството?

Не можам да ви кажам колку многу пати досега луѓе реагирале кога ја виделе мојата лајонс значка. Некои од тие реакции беа: Лајонс ми ги купија моите први очила, Лајонс ми помогнаа кога бев мал, а нашата куќа изгоре во пожар. Многупати се случувало, кога некој ќе ја види значката, да ми пријде и да ми раскажува како Лајонс со неговите активности му помогнале, како Лајонс придонеле да се сменат многу животи на подобро. Имало и ситуации да ми приоѓаат луѓе и да се пожалат дека им треба помош, но и да ја кажат нивната визија како Лајонс може некому да помогнат. Практично, одговорот на ова прашање е да. Лајонс се многу ценети во општеството, бидејќи луѓето препознаваат дека ние сакаме да помогнеме за подобра заедница, за подобро општество. И ние го цениме тоа и се обидуваме да покажеме дека работиме за доброто на заедницата. Многу луѓе, организации, институции и влади соработуваат со Лајонс. Токму тоа, да им се помага на луѓето, да се помогне за подобро општество е бенефитот од тоа да се биде дел од Лајонс и да се носи значката на Лајонс.

Дистриктот 132 Македонија, воден од мотото на лајонсите кои се витези на слепите, има реализирано поголем број проекти кои се насочени во борба против слепилото во земјава. Еден од нив е проектот за мерење на диоптријата кај претшколските деца. Според вас, кои се следните активности на кои треба да се фокусира оваа хуманитарна организација во Македонија?

Дистриктот 132 Македонија има многу направено досега. Македонските лајонси се еден убав пример на нашата мисла и визија. Мојот совет е да продолжат со активна работа на сите проекти кои можат да го подобрат животот на другите.

Лајонизмот и политиката не одат заедно, но бидејќи сте експерт по право, ќе си дозволам да ве прашам со какви предизвици се соочува судството во САД откако Доналд Трамп е избран за Претседател?

Секоја промена носи предизвици, можеби е вистинско време за промена во САД. Секогаш постоела смена на либерални и конзервативни, и на конзервативни и либерални, но ете, сега сметам дека ова е една голема промена на насоката на движење на општеството и е огромна промена на нашата политичка сцена.

Асоцијацијата на Лајонс клубови во светот постои од 1917 година. Во моментот има 1,4 милиони членови во 47 илјади клубови, во 210 држави. Во Македонија сега се активни 37 клубови, со вкупно 900 членови. Лајонсите се препознатливи по тоа што, освен паричните донации и плаќање клупска членарина, донираат и време, преку волонтирање во хуманитарни проекти. Второто нивно име е витези на слепите, бидејќи поголемиот дел од активностите кои ги имаат се поврзани со помагање на лицата со оштетен вид.


Ирена Смиљанска

Фото: О.Теофиловски


Текстот е прочитан 612 пати.
#
Напад во метро во Франција, тројца ранети
Ердоган: За мене Европа ќе биде „нацистичка“ се додека ме нарекува „диктатор“
За Европа: 60 свеќи за радување или 60 свеќи за тагување?
Колку се богати француските претседателски кандидати
Тилерсон лично бара Црна Гора да влезе во НАТО
Обновено - Петмина загинати и 40 повредени во нападот во Лондон
Лекс Ердоганис
Кој ќе ги наследи милијардите на Рокфелер?
Господарите на милијардите
Брегзит почнува на 29. март

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter