Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.01.2017, 13:51

Зголемен бројот на сообраќајки во Тетово

 Зголемување на бројот на сообраќајни несреќи во Тетово од 8,2 отсто во 2016 во однос на 2015 година, покажува статистиката на тетовската полиција.

Податоците на тетовската полиција, покажуваат дека минатата година во Тетовско се случиле вкупно 802 сообраќајни несреќи или 61 повеќе во споредба со претходната 2015 година.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, она што особено загрижува е двојно поголемиот број на загинати во несреќите, откако во 11 несреќи минатата година животот го загубиле 13 лица, додека во 2015 година загинале седум лица.

Минатата година 48 несреќи завршиле со тешки телесни повреди, 301 со лесни, а во 442 била причинета само материјална штета. Најголемиот број сообраќајни несреќи минатата година се случиле на тетовските улици - 372 , потоа на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и регионалните патишта Тетово-Пирок, Тетово-Волковија и Тетово-Скопје.

Најчеста причина за несреќите повторно е неприлагодена брзина односно пребрзо возење, а карактеристични се 90 несреќи што ги предизвикале животни. Регистрирани се 118 излетувања од коловоз, пред се како последица на неприлагодена брзина. Во 72 несреќи учествувале пешаци, каде најчеста причина е недавање предност од возачите или невнимателно преминување на улиците посебно од малолетни деца.


Текстот е прочитан 379 пати.
#
Осумгодишно дете е најмлад корисник на дрога во Македонија
„Поткуп“ одложен - Обвинителството треба да одлучи за изземањето на обвинителот Милошевски
Го ограбил и го нападнал со нож
Љубовна драма во скопска Железара - Ја претепал љубовницата и полугола ја исфрлил на улица
Почина 48-годишен осуденик
Две години затвор за ексдиректорот на фабриката за кабли "Неготино"
Малолетник претепан со метална шипка
Вооружени и маскирани ја ограбиле "Златна копачка"
Татко ја силувал 24-годишната ќерка
Со боксирач претепал Црногорец поради девојка

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Модни трендови за тинејџери во 2017 според Вог
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Зелен сос
Приготвување: пиперките исечете ги по должина, извадете им ги семките и ис...
Site Meter