Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.04.2017, 14:08

РОМАНТИЧЕН КОНЦЕРТ НА ФРАНЦУСКИОТ ПИЈАНИСТ ВО СКОПЈЕ

Клајдерман нè пресели во Париз

Цело едно богатство се наоѓа во прстите на светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман (53), кој завчера и вчера одржа два концерта во Скопје, во Македонската опера и балет.

Симпатичниот Французин, освен што е пијано виртуоз за популарни теми, е и многу забавен и едноставен. За цело време на концертот ја анимираше публиката, подарувајќи им на оние од првите редови нотни партитури и кажувајќи шеги на неговиот типично француско- англиски. Клајдерман нè прошета низ целиот свет со неговата музика. Свирејќи ја "Љубов во Париз", гледавме романтични снимки од убавиот град, кој е негов роден. Во "Пат во Венеција", низ музика и снимки како да бевме во Италија, а и секоја негова друга отсвирена тема беше збогатена со слики за нештата кои, според Клајдераман, најмногу вредат - љубовта, убавата жена, децата, снимки од неговиот омилен италијански филм "Синема Парадисо". Тема која никогаш не излегува од мода во репертоарот на Клајдерман е "Кондоровиот лет" и, секако, инструменталката која го направи светска ѕвезда "Балада за Аделина" , која е стара точно 41 година.



Во вториот дел слушавме повеќе поп-евергрини - песни од Елтон Џон, чиј голем фан е Клајдерман, секогаш прекрасната "Дреам а Литтле Дреам оф Ме" од Дорис Деј, и уште француска класика и гордост на Клајдерман "Кан-Кан".
Како што прави во сите светски градови во кои свири, за бис остави актуелен хит "И Цан'т Стоп тхе Феелинг" , кој лани Џастин Тимберлејк го промовираше на Евросонг во Шведска. Темата е носечка песна во светскиот хит - цртаниот филм "Тролови". Клајдерман го придружуваа гудачи од Македонската филхармонија, а концертите ги организираше "Прагма продукција". Ова беше второ гостување на Клајдерман во Македонија, по 8 години.
М.Џаровска
Фото В. Тануровски


Текстот е прочитан 384 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter