Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 13:55

„Daily Caller“: САД преку Бејли ги финансираа блиските на Сорос во Македонија, Трамп ќе ја менува политиката

Реномираниот портал „Dailly Caller“ близок до Републиканската Партија објави детална анализа за активностите на Џорџ Сорос во Македонија и вмешаноста на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Во текстот пишува и дека Бејли се сретнал со републиканскиот Сенатор, Мајк Ли во Вашингтон.

Неколку републикански Сенатори и Конгресмени се распрашуваат за партнерството во Македонија меѓу Владата на САД и фондациите создадени од либералниот мега-донатор Џорџ Сорос.

Писмата биле испратени од страна на пратениците до Канцеларијата за Одговорност на Владата, Државниот Секретар Рекс Тилерсон и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Во писмото до Бејли, републиканскиот Сенатор Мајк Ли напиша „Добив веродостојни извештаи дека во текот на изминатите неколку години, мисијата на САД во Македонија активно интервенирала во партиската политика на Македонија, како и во обликувањето на нејзината медиумска средина и граѓанско општество, често фаворизирајќи групи на едно политичко убедување во однос на друго.“

Минатиот понеделник, Бејли го посети Вашингтон и се сретна со сенаторот Ли и неговиот персонал, изјави порпаролот на Ли за „Daily Caller“. Канцеларијата на Ли не сакаше да коментира што се зборувало на состанокот.

Додека Ли спомена само „веродостојни извештаи“ во неговото писмо во јануари, тој и пет други републикански сенатори, вклучувајќи го Сенаторот од Тексас, Тед Круз и Сенаторот на Џорџија, Дејвид Пердју, беа многу попрецизни во писмото испратено до Тилерсон. Таму тие посочија на директните грантови дадени од страна на УСАИД на Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос.

„УСАИД, кој е одговорен за цивилната странска помош, официјално стана партнер со Фондацијата „Отворено општество“. Од 2012 година, Владината Агенција има дадено 1,5 милиони долари во грантови за организации избрани од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ) и 4.8 милиони долари за лансирање на „Проектот за граѓанско општество“, што се спроведува од страна на ФООМ.
Само во август минатата година, УСАИД објави програма вредна 9,5 милиони долари што ќе трае до 2021 година и ќе биде спроведена во соработка со ФООМ, Метаморфозис, Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) и Националниот младински совет на Македонија. Метаморфозис беше лансиран во 1999 година од страна на Фондацијата „Отворено општество“ и оттогаш стана независна.
Овие милиони долари се трошат во една мала Европска држава со малку повеќе од 2 милиони жители и Бруто Домашен Производ по глава на жител 11 пати помала од САД.
Излегува дека голем дел од парите дадени во грантови во Македонија завршија во поддршка на медиуми кои промовираа политички ставови. Четири медиуми во Македонија – А1он, Плусинфо, Порталб и Окно – се директно врзани за Фондацијата „Отворено Општество“, се вели во нивниот годишен извештај во кој е наведено дека овие медиуми добиле милиони. Покрај тоа, ФООМ и УСАИД се „партнери“ со Центарот за развој на медиуми во Македонија.
Во повикот за грантови од 2012 година на УСАИД „Проект за граѓанско општество“, исто така, се споменува „употребата на новите медиуми“, пишува „Daily Caller“.

„Противникот на  „Влијанието на Сорос“ во Македонија е конзервативната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Еден член на парламентот од ВМРО-ДПМНЕ изјави за „Тхе Америцан Спецтатор“ дека Фондацијата Сорос „стои зад протестите кои избувнаа во пролетта на 2016 година“.Армијата на Сорос фрлаше камења на полицијата која го штитеше седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, тие им делеа ножици на мигрантите надвор од границата за да ја сечат оградата.
Писмото кое на 24 февруари беше испратено до Канцеларија за Одговорност на Владата потпишано од шест републикански конгресмени прашуваат за финансирањето на медиумите од страна на САД во Македонија и дали тие средства поддржуваат насилство. Канцеларијата не одговори по истрагата на конгресмените.
ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори во Македонија во 2016 година, сепак, СДСМ коалицираше со ДУИ, партија на етничките Албанци за да добие мнозинство во парламентот. Овој договор со албанската партија би довело албанскиот јазик да стане официјален јазик, а можеби и менување државното знаме, грбот и химната.
Македонскиот пратеник за „Американ спектатор“ изјави дека тоа ја уништува Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи протестираа против овие предложени активности, откако актуелниот Претседател Ѓорге Иванов одби да му го даде мандатот на лидерот на опозицијата за формирање влада“, пишува „Daily Caller“.


Текстот е прочитан 713 пати.
#
Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР
ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
Груевски: Насилството не е решение, насилниците ќе бидат изведени пред суд
За заедничка Македонија: Не оправдуваме никакво насилство, денеска им се случи народ на тие кои се обидоа да направат државен удар
Министорот Тодоров со екипите на брзата помош им помагаше на повредените
Стотина повредени на двете страни, приведени нема
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Влатко Ѓорчев ги бранеа нападнатите колеги од СДСМ
Нухиу: Навреме беше формиран оперативен штаб, но полицијата не си ја заврши работата
Иванов со апел за смирување на тензиите и лидерска средба кај него
МВР за евакуирањето на пратениците од Собранието

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter