Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.04.2017, 13:34

ВМРО-ДПМНЕ промовираше Манифест за единствена и просперитетна Македонија

Манифест за единствена Република Македонија промовираше денеска ВМРО-ДПМНЕ, кој, како што рече Антонио Милошоски член на ИК на партијата, е документ со смерници, насоки и принципи кои би требало земјата по пет, 10 или 15 години да ја водат по еден просперитетен пат како унитарна држава, напредна, економски развиена и сплотена како кохезивно мултиетничко општество.

На тоа, рече упатува историски момент пред кој се наоѓа Македонија, но и вековната обврска кон сите кои со живот, лична жрвта и идеал се вложиле за слобода, независност и сувереност на Република Македонија.

Како водилка, појасни, се користени идеалите содржани во Правилата на македонскиот востанички комитет на Македонското востание од 1878 година, Крушевскиот манифест од 1903 година, Мајскиот манифест од 1924 година и Манифестот на АСНОМ од 1924 година, како и Декларацијата за сувереност од 1991 година.

- Поучени од искуствата за штетноста од внатрешни поделби и притисоци од надворешни закани кои ја загрозувале нашата татковина, свесни сме за обврската да обезбедиме просперитетна држава за сегашните и идните генерации, предлагаме нацинално обединување на сите граѓани, интелектуалци, граѓански здруженија, верски организации и политички партии околу Манифестот за единствена Македонија за да не води кон една визија за Македонија која треба да биде земја која е единствена матична држава на Македонците во која обединети живеат сите граѓани заедно со деловите од албанскиот, турскиот, влашкиот народ, српскиот, ромскиот бошњачкиот и другите граѓани и им припаѓа поедднакво без разлика на потекло, вероисповед и мајчин јазик, рече Милошоски.

Тој нагласи нивната мисија е да обезбедат иднина за граѓаните во демократска, унитарна, политички стабилна, праведна, напредна и пазарно ориентирана држава – Република Македонија, каде, како што рече, претприемништвото е движечка сила, а граѓаните сплотени како дел од нашето пошироко европско семејство.

Националното обединување, зачувување на суверенитетот на државата, црвените линии во однос на името, нераскинливоста на македонската дијаспора, македонскиот јазик како обединувачки за сите граѓани со почитување и на останатите јазици кои ги говорат граѓаните, функционирањето на правната држава, одржување попис по европски стандарди, членството во ЕУ и НАТО, како и развој на стабилна економски просперитетна Македонија се дел од темите кои ги акцентира овој Манифест на ВМРО-ДПМНЕ.

Предвидува и редовен дијалог меѓу опозицијата и власта во Македонија и изнаоѓање решенија во рамки на институциите, како заштита од надворешни влијанија кои неретко се на штета на државата.


Текстот е прочитан 1143 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter