Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 09:37

ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА АДРИЈАНА КЕШ СО ТРИ КУФЕРИ ГАРДЕРОБА ОД ТУРНЕЈАТА ВО САД

Откако ги зголемив градите, заштедив на градници

Фолк-пејачката Адријана Кеш се врати од Америка со преполни куфери. Таа вели дека купувала како никогаш досега и дека овој пат турнејата ќе ја памети по шопингот и по возењето низ САД.

Таа замина за САД заедно со колегата Спасен Сиљаноски и со музичарите Митко Бежаноски, Златко Јолаковски и Илија Тота, а настапуваа во повеќе градови, меѓу кои Чикаго, Њу Џерси, Рочестер и други.
"Толку гардероба купив, што колегите ми велеа дека треба да се вратам со брод. Дури 10 килограми имав повеќе од дозволеното во авион. Купив сè што ми беше потребно, особено долна облека. Откако направив корекција на градите, полесно ми е да си одберам долна облека. Бидејќи пушап градниците веќе не ми требаат, не трошам пари на градници. Па не за џабе ги зголемив - за полесно да ми биде. Навистина, откако ги коригирав градите, полесно си одбирам градник или, пак, воопшто не носам", вели Адријана.
Таа е позната меѓу колегите како најискусната жена-возач, не само кога патуваат низ државава туку и низ Америка.
"Кога патуваме, сите спијат, а јас возам. Конечно, сега признаа дека сум подобар шофер од нив. Колегата Спасен ми вели дека требало да се вработам во Брза помош за побрзо ги однесам пациентите во болница. Уживам во возењето, јас сум единствената пејачка што вози низ Америка", вели таа. (В.М.)


Текстот е прочитан 2906 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter