Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

29.03.2017, 14:06

НБА

Кливленд ги загуби Леброн и првото место на Истокот

Сан Антонио спарс оствари убедлива победа во дуелот со шампионот Кливленд кавалирс, на домашен терен, со 103:74. Ова, за Кливленд, беше натпревар со најмалку постигнати поени сезонава.

Кавај Ленард со 25 поени, шест скока и исто толку асистенции беше прво име кај Спарс, додека на другата страна најмногу постигна Џејмс, и тоа 17 поени, но во третиот период се здоби со повреда на грбот и предвреме го заврши мечот.
Кливленд првпат сезонава не е лидер на Истокот. Сега таа позиција му припаѓа на Бостон селтикс, кој има една победа повеќе од "коњаниците".
Единствената гостинска победа ја оствари Оклахома сити тандер, на теренот на Далас маверикс, и тоа со минимални 92:91. Расел Вестбрук го заврши натпреварот со 37 поени, 13 скока и 10 асистенции, што е негов 37. трипл-дабл сезонава и му недостигаат уште четири за да го израмни рекордот на легендарниот Оскар Робертсон.
РЕЗУЛТАТИ: Торонто-Орландо 131:112, Њујорк-Детроит 109:95, Сан Антонио-Кливленд 103:74, Далас-Оклахома сити 91:92, Сакраменто-Мемфис 91:90, Јута-Њу Орлеанс 109:100.


Текстот е прочитан 957 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter