Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.10.2016, 14:12

1.200 ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ НА СЕКС-СИМБОЛОТ НА АУКЦИЈА ВО НОЕМВРИ, ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Ќе се продаваат фустаните, чевлите, шминките и накитот на Мерилин Монро

Предметите се од колекциите на приватните колекционери, режисерот Ли Страсберг и на Дејвид Гејнсбороу-Робертс

КИНА - Фустанот што го носеше Мерилин Монро во филмот "Некои тоа го сакаат жешко", рачно напишаните писма во кои се запишани најдлабоките чувства на оваа холивудска икона, како и уште многу други предмети беа изложени пред колекционерите во Кина. Повеќе од 1.200 предмети како чевли, чанти, шминки и накит на Монро потоа, во ноември, ќе бидат ставени на аукција во Лос Анџелес.
Актерката што стана секс-симбол, водеше проблематичен живот и почина млада, на само 36 години.
"Минатата ноќ повторно бев будна цело време", му пишува таа на својот терапевт во март 1961 година. "Понекогаш се прашувам за што служат ноќите. Тие речиси и да не постојат за мене, сето тоа ми се чини како еден долг, ужасен ден".
Таа го опишува и времето поминато во институција за ментално здравје и го поврзува тоа со престој во затвор за злосторство што не го сторила.
Околу 800 од предметите се во сопственост на Ли Страсберг, познатиот американски режисер, кој $ беше како татко на Монро. Парите ќе бидат наменети за неговата вдовица, Ана. Дел од предметите доаѓаат од колекцијата на Дејвид Гејнсбороу-Робертс, голем колекционер на костими на Монро. Меѓу стотиците предмети има фустани и креации, неглижето што го носи таа во филмот "Нијагара", како и зелено-црното трико што избра да го носи во филмот "Автобуска станица".
Тука се, исто така, и предметите како кармин на "Ревлон", чевлите што ги носеше на свадбата со драмскиот автор Артур Милер и обетките што ги носеше на премиерата на "Седум години верност". Во колекцијата се застапени и личните забелешки на Монро, како и цртежите со мрсни и со водни бои.
Дејвид, синот на Ли Страсберг, вели дека неговите мајка и брат пред шест години нашле многу предмети во куферите и плакарите додека расчистувале, меѓу кои била и кутијата врз која тој со години ја фрлал фудбалската опрема, а потоа откриле дека внатре, всушност, се наоѓа дел од личните белешки на Монро.
"Таа му пишала порака на татко ми во која зборува за нешто што го слушнала за време на час и вели: 'Ми помогна да се чувствувам послободна - ти ми рече дека два и два не се секогаш четири во актерството'", рече Страсберг (45).

"Има логика и има имагинација, има нешто повеќе. Што се однесува до Мерилин, мислам дека секогаш барала нешто повеќе".
Монро, која оваа година ќе наполнеше 90 години, најголем дел од детството го поминала во домови за деца и сираци, а стана една од најпрепознатливите и најпознати секс-симболи на Холивуд. Зад камерите, таа се бореше со зависноста од дрога и со депресијата, а почина од предозирање со барбитурати.
Некои предмети што ќе бидат ставени на аукција, досега не биле претставени пред јавноста. Меѓу овие предмети се првото издание на собрани драми на нејзиниот сопруг Артур Милер од 1957 година, посветено на неа, и писмо од член на семејството Кенеди.
Писмото од почетокот на 60-тите е од Џин Кенеди Смит, сестра на претседателот Џон Ф. Кенеди и на Роберт Боби Кенеди.
"Дознав дека ти и Боби сте заедно! Ние мислиме дека треба да дојдеш со него кога ќе се врати на исток!", $ пишува Смит на Монро.
"Постојано има шпекулации за нејзиниот однос со семејството Кенеди, а ова зборува за фактот дека, всушност, постоела врска меѓу Роберт Кенеди и Мерилин Монро", вели Мартин Нолан, директор на аукциската куќа "Џулиенс" што ќе ја организира продажбата.
Меѓу предметите можат да се најдат и сметка за шише шампањ, како и нејзиниот договор од 1947 година со студиото "Твентиет сенчер фокс". Според нејзините чекови, таа последно им платила на чистачот на прозорци, на жената што $ чистела и на телефонската компанија од Њујорк. Таа сама на себеси си платила 200 долари обележани како "пари за патувања".
"Мерилин чуваше сè. Таа беше од оние луѓе што чуваат сè", изјави Нолан.
"Таа купила путер и тоник и ја зачувала сметката. Тоа е неверојатно. Ние имаме пар сандали со ремче што ги носеше таа кога беше Норма Џин, најверојатно меѓу 1943 и 1945 година".
Иако филмовите од Запад беа забранети во Кина во периодот кога Мерилин беше најпопуларна, нејзините кариера и животна приказна се многу добро познати кај голем број Кинези. Дарен Џулиен, основач и извршен директор на аукциската куќа "Џулиенс", вели дека околу 40 отсто од нивните клиенти се кинески колекционери заинтересирани за американската популарна култура, особено за Монро.
"Многу луѓе се поврзуваат со неа бидејќи таа имаше тежок живот. Таа никогаш немаше многу пари, а ги освои срцата на толку многу луѓе од целиот свет", изјави Џулиен.
Во последните неколку години, богатите граѓани на Кина и приватните бизнисмени трошат сè повеќе пари на уметност и на култура, и тоа често е начин на кој можат да го покажат своето богатство или да најдат начин како да ги потрошат парите.
Онлајн наддавањето им овозможи на кинеските колекционери полесен пристап до западната култура. Аукцијата ќе се одржи од 17 до 19 ноември, во Лос Анџелес.

Текстот е прочитан 1239 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter