Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.04.2017, 07:44

Референдум во Турција: Ердоган доби поголема моќ, опозицијата бара прегласување, ЕУ загрижана

Турската изборна комисија потврди дека на вчерашниот референдум граѓаните гласале за уставни промени кои му даваат пошироки овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на изборната комисија Сади Гувен изјави дека на референдумот победи опцијата за уставни промени. Претходно тоа го стори и Ердоган.

Лидерот на најголемата опозициска Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу изјави дека резултатите се доведени под прашалник по одлуката на Врховниот изборен одбор да ги признае како важачки гласачките ливчиња кои немаат службен печат на избирачкото место.

Врз основа на скоро 99 насто од пребројаните гласови, 51,34 проценти гласале за уставни промени, односно за воведување претседателски систем. Против биле 48,66 насто од гласачите.

Совет на Европа: Турција да внимава на следните чекори

Турското раководство треба внимателно да ги разгледа следните чекори, се наведува во изјавата на генералиот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд.

- Турските избирачи гласаа за измени на Уставот. Со оглед на блискиот резултат, турското раководство треба внимателно да ги разгледа своите следни чекори, се вели во изјавата на Јагланд.

Тој ги повика властите во Турција да обезбедат независност на судскиот систем во согласност со принципите на владеење на правото, содржани во Европската конвенција за човекови права.

Јагланд нагласи дека СЕ, во кој Турција членува од 1949 година е подготвен да и даде поддршка на Анкара по тоа прашање.


Текстот е прочитан 856 пати.
#
„Вечерње новости“: Турски разузнавачи ја туркаат идејата на Рама и Тачи за Голема Албанија
Емануел Макрон и Марин Ле Пен одат во вториот круг за претседател на Франција
Хидвеги: Сорос даде 3 милиони евра за да создаде опозиција во Унгарија
Французите гласаат, ЕУ се тресе
Косовски медиуми: Можно е Харадинај да биде кандидат на опозицијата на вонредните избори во Косово
Трамп: Со Меркел почувствував „неверојатна хемија“
20 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Јоханесбург
Напаѓачот од Шанзелизе бил потенцијален радикален исламист
ИД ја презеде одговорноста за нападот на Елисејските полиња во париз
Еден полицаец убиен, а еден ранет во престрелка на Шанзелизе во Париз

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter