Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.02.2017, 14:14

Зголемен извозот во Германија, но и интересот на германските инвеститори за Македонија

Се зголемува македонскиот извоз во Германија, а расте и интересот на германските инвеститори за Македонија, рече денеска новоименуваниот директор на Делегацијата на Германските комори во Македонија Патрик Мартенс.

Мартенс на средба со новинарите нагласи дека македонскиот пазар е од големо значење за Германија, а токму поради проширувањето на деловните активности во земјава, Делегацијата ќе биде раководена директно од тука, од Скопје, наместо како досега, од Белград.

- Претставништвото на Германските комори во Македонија по седумнаесетгодишно делување во земјава, со почетокот на 2017 прерасна во Делегација, што претставува значајно унапредување на канцеларијата во германскиот систем на комори. Првпат Берлин испраќа директор кој ќе биде надлежен за Македонија и ќе ја извршува својата функција во Скопје, информира Мартенс.

Осврнувајќи се на економските активности и на улогата на коморското работење, ја нагласи потребата од специјализирани, стручни кадри за бизнис секторот. Во овој контекст посебно ја подвлече непходноста од дуалното образование и го најави тригодишниот проект поддржан од германската влада што ќе почне да се спроведува оваа година.

- Македонија е меѓу петте избрани земји во кои е предвидено да се спроведува овој проект. Делегацијата на германското стопанство ќе добие и експерт задолжен за дуално образование, кој ќе го пренесе германското искуство во македонскиот образовен систем. Оваа иницијатива е поддржана од Министерството за стопанство на Сојузна Република Германија, рече Мартенс.

Дуалното образование подразбира три дена практично учење, директно во фабрики/погони/капацитети/индивидуални занаети, а два дена теоретска настава во школо. Токму поради ваквиот систем кој Германија, посочи Мартнес, го негува речиси три века, невработеноста на младите е минимална. Има стручни кадри кои им се потребни на стопанствениците, како и можност за нивна постојана доквалификација и специјализација.

Патрик Мартенс има 20-годишно работно искуство во германските комори. Кариерата ја почнал во Бразил, ја продолжил во Саудиска Арабија и Иран, а во Македонија пристигна од Гана каде што последните 11 години беше директор на Канцеларија.

Во 2000 година кога беше отворено Германското претставништво во Македонија работеа 15 германски компании во форма на трговски претставништва. Во меѓувреме оваа бројка се зголеми за десет пати, но исто така во изминатите години расте и бројот на директни германски инвестиции. Германските компании присутни на македонскиот пазар денес вработуваат околу 20.000 лица, а трговската размена меѓу Македонија и Германија во 2015 беше 2,5 милијарди евра. Со тоа, велат од Претставништвото, Германија останува најважниот трговски партнер на Македонија.

Мартенс ја презема функцијата од досегашниот директор Мартин Кнап кој ја раководеше Канцеларијата во Македонија од Белград. Оваа одлука ја донесе Берлин по детално оценување на работата на Претставништвото на Германските комори во Македонија во изминатите години.


Текстот е прочитан 784 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter