Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.02.2017, 13:07

За младите вардарови ракометари публиката е најсилна мотивација

Зимскиот турнир е можност за дружба, и пред сс натпревар и со тимови кои не учествуваат во Вардар Јуниор лигата.

Еден живот, една љубов" е најмасовниот традиционален турнир во земјава, а годинава на него учествуваа над 1200 деца, и меѓу нив се запознавме и со момчињата од Бутел Вардар кои се натпреваруваа во генерацијата 2000/01.

Бојан и Јане ја делат страста кон ракометот, но она што и на двајцата им дава сила на натпреварите е публиката. Двајцата имаа поддршка од трибините, за која велат дека е голема мотивација за подобра игра. Понекогаш се тука само семејствата, а понекогаш навиваат и другарите.

Јане Милошевски тренира од 2013 година, а ракометот го одбрал зашто е интересен спорт.

Сакам да се натпреварувам, да се запознаам со деца кои исто така го сакаат ракометот и турнирите на Ракометната академија Вардар се одлична можност за тоа. Учествував на сите турнири досега, и се среќавам со многу екипи од други градови, кои вообичаено со мојот тим немаме можност да ги сретнеме. Со тимот се натпреваруваме и во пионерската лига на РФМ, но тука има многу повеќе деца. Голема поддршка за мене се татко ми и брат ми, кои често се во трибините.



Тука се и денеска. Ме бодрат и премногу е добро чуството кога ќе ги чујам како ми довикуваат 'браво'. Тие ме мотивираат и кога победуваме, односно кога ќе дадам гол, но и после секоја грешка или изгубен натпревар 'било што било, помина, следниот пат ќе биде подобро'. Тоа е силна мотивација која те турка да дадеш повеќе од себе во играта, како и поддршката и мотивацијата што ја добиваме од тренерот Тале Танев", вели Јане.

Бутел Вардар тренира во салата во ОУ Ацо Шопов" во скопската населба Радишани. Момчињата имаат три тренинзи неделно, и тоа како што самите велат, напорни и тешки тренинзи кои мора да се издржат, а се вежба сс кондиција, шутеви, одбрана, акции и друго.

За Бојан Стојчевски турнирот е место каде треба да се истакне секој играч, а голем предизвик му е натпреварот со момчињата од Преспа Вардар, генерација 2000/01.

Тренирам 4 години, односно од мојата 10 година, а ме поттикна тоа што секој натпревар има многу борба и тоа е голем предизвик за мене. Ние многу често играме пријателски натпревари, но тие се главно со цел да подготвиме тактика, некоја нова варијанта. А, на турнир се игра сериозно, и имаме можност да се истакнеме. На турнирот ми се допадна што играме во многу добра сала, има коректни судии, добра организација и натпреварите течат беспрекорно", вели Бојан.

Поддршката од родителите и пријателите многу значи и за Бојан.

Јас на теренот речиси секогаш влегувам со десна нога, зашто мислам дека така подобро играм. Но, како тим , секогаш сме подобри кога на трибините имаме навивачи. Моите родители доаѓаат, а понекогаш и другарите се тука да навиваат. Тогаш сме и подобри зашто ни даваат огромна подршка", дополнува Бојан.


Текстот е прочитан 1296 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter