Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.03.2017, 13:34

УТРЕ ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКА БАЈКА ВО РЕЖИЈА НА БОЈАН ТРИФУНОВСКИ

Аладин ќе лета на килими во МНТ

"Авантурите на Аладин" е новата театарска бајка за деца и возрасни, која утревечер (19 часот) премиерно ќе се изведе на големата сцена во Македонскиот народен театар.

Адаптацијата, драматизацијата и режијата на една од најпопуларните приказни се на Бојан Трифуновски. Аладин го игра Александар Михајловски, а принцезата Џасмин Дарја Ризова.
Трифуновски на вчерашниот прес рече оти станува збор за авантура на повеќе нивоа, а во фокусот на нивната претстава се токму авантурите на Аладин, а не Духот од ламбата, како што е во анимираниот филм.
"'Авантурите на Аладин' е приказна за победата на љубовта врз алчноста и злобата. Со многу музика, базирана на рокенрол-класици, се карикатуризираат лошите, се нагласуваат пријатните карактеристики и атрибутите на нашите јунаци во бескрајната трка по среќа. Сè уште не сум слушнал поубава музика од колективното смеење на децата. Нема ни да слушнам", истакна Трифуновски.



Абазнер Велики (т. е. Џафар) го игра Сашко Коцев, Духот е Никола Ацески, Вдовицата - мајката на Аладин Камка Тоциновски, Императорот- таткото на Џасмин Славиша Кајевски, Робинката од прстенот Леонора Драгана Левенска и Страшилото-Принцот Леополд Ненад Анѓелковиќ.
Во претставата играат и членови на Детското драмско студио на Магдалена Ризова - Черних, кои режисерот симпатично ги нарече специјална единица мали командоси на Маги.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, а за првпат во МНТ работеа младите костимографки Антонија Гугинска - Јорданоска и Елена Вангеловска. Композитор е Џијан Емин.
Репризата е закажана на 29 март.

(Б. Н.)
Фото: В.Тануровски


Текстот е прочитан 1342 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter