Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.02.2017, 11:33

Конгресмени незадоволни од одговорот на Бејли, бараат истрага против Амбасадата и УСАИД

Група од седум американски конгресмени испратија писмо до американската Канцеларија за oдговорност на Владата (ГАО) во кое бараат да се поведат ревизија и истрага за работата на Стејт Департментот и агенцијата за развој УСАИД, затоа што се однесувале партиски и ги финансирале активностите на Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос во Македонија.

- За жал, слушнавме веродостојни извештаи дека во изминатите две години американската Амбасада во Македонија активно се мешала во меѓупартиските политички прашања во Македонија, како и дека влијаела да се обликуваат медиумската средина и граѓанското општество на начин кој е неприфатливо партиски и притоа, директно или индиректно, влијаела врз исходот на изборите во Македонија. Според овие информации, интервенциите секогаш биле во полза на партиите, медиумите и граѓанските организации од левицата. Информирани сме дека и УСАИД Македонија силно ги поддржувал овие партии во пресрет на изборите, пишува во писмото потпишано од конгресмените Кристофер Смит, Ренди Халтгрен, Роберт Адерхолт, Луи Гомерт, Роберт Питенгер, Џеф Фортенбери и Трент Френкс.

Писмото е испратено на 24 февруари и е адресирано до генералниот инспектор Џин Додаро, кој ја води институцијата ГАО и има право да поведува истраги и ревизии во случаи на злоупотреба на финансиските средства од страна на државни функционери. Ова е една од неколкуте истраги и ревизии кои овие седуммина конгресмени, засилени од сенаторот Мајк Ли, ги најавија за американската Амбасада и мисијата на УСАИД во Македонија.

Во средината на јануари конгресмените испратија писмо до амбасадорот Џес Бејли, во кое побараа одговори за обвинувањата за негово партиско однесување и финансирањето на партиски поврзани невладини организации најдоцна до 31 јануари. - Одговорот што го добивме на 6 февруари е премногу општ и тој не даде одговор на прашањата кои ние ги покренавме. Поради тоа, со цел да имаме независна ревизија и истрага, решивме да се обратиме до вашата канцеларија. Конкректно очекуваме од вас да добиеме одговори на прашањата колку средства од буџетот на американската Влада, од сите можни линии, биле одделени за Фондацијата Отворено Општество и со неа поврзаните институции во сите држави каде што се основани во фискалните години од 2012 до 2017. За кои цели вообичаено се доделуваат овие средства? Конкретно за Македонија, ве молиме објаснете ги правните основи за сите актуелни и тековни грантови, договори и други начини на финансирање, вклучително и начините на кои тие може да бидат раскинати, пишува во писмото на седуммината конгресмени до владината инспекциска служба.

Во писмото се отвораат прашањата зошто американската Амбасада во Скопје воопшто ја одбрала Фондацијата Отворено Општество Македонија како изведувач на значителен дел од проектите на УСАИД, и се прашува дали невладините организации поврзани со ФООМ биле активни во изборната кампања или при формирањето на Владата. Групата конгресмени предводени од Кристофер Смит бараат истрагата на ГАО да обезбеди информација за тоа колкав процент од американските средства за развој на демократијата во Македонија, медиумите и граѓанското општество и биле доделени на Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос. Имајќи го предвид учеството на организации финансирани од Сорос во протестите во Македонија, конгресмените го поставуваат прашањето "дали некоја организација, институција, група или индивидуалци кои директно или индиректно преку Фондацијата Отворено Општество Македонија добиваат американски средства, биле вмешани во насилство против други личности или имот, и дали полициски офицери или припадници на други безбедносни институции биле повредени како резултат на тоа насилство?

Во писмото на конгресмените се поставува и прашањето дали амбасадорот Џес Бејли или други лица од Амбасадата биле активни во преговорите да се одложат предвремените избори, на начин на кој кореспондирал со интересите некои од партиите. Од инспекциската служба ГАО се бара да ја провери и законската основа, според Виенската конвенција и други норми кои го регулираат однесувањето на дипломатите, за случаи кога дипломатите ги кршат законите на земјата во која се испратени, се мешаат во внатрешните работи на земјата или во домашните политички кампањи. Во писмото се бара од ГАО да отпочне истрага за работата на Амбасадата во Скопје и мисијата УСАИД Македонија и најдоцна во рок од еден месец да даде информација за напредокот.

Трамп планира значително кастрење на УСАИД и програмите за странска помош

Претседателот Доналд Трамп планира драматично да го скрати буџетот за Стејт Департментот и УСАИД за помош на странски држави, по обвинувањата дека овие програми биле користени за промовирање на политички и идеолошки цели на администрацијата на Барак Обама. Паралелно со најавите дека буџетот за армијата ќе се зголеми за 54 милијарди долари, доаѓаат најави дека буџетот за помош за странство ќе се намали дури за 30 проценти.

Стејт Департментот и програмите за помош на странски држави годишно чинат околу 50 милијарди долари. Кабинетот на претседателот Трамп работи на подготовката на неговиот прв буџет, и се очекува детали за идните буџетски кастрења и расходи да бидат најавени при неговото денешно обраќање пред Конгресот. Од администрацијата веќе најавија дека некои од одделенијата кои беа формирани или проширени во мандатот на претседателот Обама и секретарката Хилари Клинтон, ако на пример за заштита на правата на ЛГБТ заедницата и проектите за женски права, ќе бидат трајно укинати, додека Стејт Департментот ќе се префокусира на борба против исламистичкиот тероризам.

Новиот државен секретар Рекс Тилерсон се уште не ги именувал своите клучни заменици и помошници, откако претходно дојде до масовно отпуштање на водечките лица во Стејт Департментот. Службата за односи со јавност на Стејт Департментот нема одржано некоја од препознатливите прес конференции за светски прашања уште од мандатот на Обама, што дополнително ги поттикна коментарите во Вашингтон дека Стејт Департментот засега е исклучен од работата на администрацијата на Трамп кој надворешната политика ја води директно од Белата Куќа, преку Советот за Национална Безбедност.


Текстот е прочитан 1201 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter