Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.04.2017, 07:04

ВЕЛИГДЕН ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОП-ПЕЈАЧКАТА РЕБЕКА

Ги учам децата на добри дела

Весело и динамично е во семејството на поп-пејачката Ребека Јанковска-Ристески и на нејзиниот сопруг Милан Ристески, директор на Институтот за радиотерапија и онкологија во Клиничкиот центар во Скопје. Ребека и Милан, со тројцата синови Маркијан (10) и близнаците Доротеј и Макариј (3), беа наши домаќини во скопскиот кафе-бар и ресторан "Мартини", кој е секогаш празнично украсен, овој пат велигденски.

"Секоја година, веќе 12 години по ред, постам за Велигден, но оваа не можев, затоа што имам проблеми со забите. Секогаш во сабота на полноќ одам на литургија, па во недела наутро се причестувам. Тоа е мојот велигденски ритуал. Оваа година, ги носевме децата да се причестат на Цветници, а, инаку, се причестуваат од тримесечна возраст, за прв пат во манастирот 'Свети Јован Бигорски'. Тие се мали за да го разберат вистинското значење на Велигден, но јас, како мајка, се обидувам да им објаснам дека Исус Христос се жртвувал за нас за да бидеме подобри луѓе и за да правиме добри дела", раскажа Ребека.
Сопругот Милан за тоа време се грижеше за темпераментните близнаци, особено за Доротеј, за кого велат дека е понемирен од Макариј.
Близнаците се многу поврзани за постариот брат Маркијан, кој е четврто одделение и е одлично прифатен од другарите и од наставниците.
"Доротеј и Макариј го обожаваат Маркијан, со него се помирни, тој им е пример за сe".
"Многу сум среќен", неколку пати повтори Маркијан.
Ребека продолжи за велигденските планови.
"Секоја година сме обично дома за Велигден. Тие денови, знаете, многу се готви: јагнешко, крофни, палачинки, но оваа година, изгледа, ќе патуваме некаде, на сите ни треба одмор".
Ребека е многу трпелива со трите деца. Вели дека откако ќе ги земе од градинка и од училиште, најчесто е сама со нив дома додека Милан е на работа.
"Првите две години, и мајка ми и свекрва ми спиеја кај нас дома. Свекрва ми и сега ми е од голема помош, како и мајка ми, но таа во моментов е кај Хелена, Игор и Кјара во Нов Зеланд. Сестра ми е во седмиот месец од бременоста и веста дека ќе имаме уште едно бебе во семејството сите нe радува, особено внука ми Кјара, која има 18 години", вели Ребека.
Таа вели дека додека децата се во градинка и во училиште, наоѓа време да пазари, да зготви, а годините поминати на сцената ја научиле почесто сама да се грижи за шминката и за фризурата.
Ребека важи за една од најнегуваните на домашната естрада, а за своите ритуали за убавина вели дека мора да најде време и сега, кога е мајка на три деца.
Последниве години е помалку музички активна, но е ангажирана како претседател на здружението за деца со посебни потреби "Дајте ни крилја".
"Сега станав претседател на Алијансата за ретки болести во Македонија. Тоа е, всушност, платформа на 15 здруженија за лица со посебни потреби. По Велигден, планираме една акција. Ќе поставиме шатори пред Владата, сите ние, родители и деца со посебни потреби. Тоа нема да биде протест, туку, ете, за што повеќе луѓе да видат дека сме присутни и активни", ни раскажа Ребека. Минатата недела, таа, Милан и Маркијан беа на конференција за ретки болести во Белград, за која се зборувало и за болеста на Маркијан, туберозна склероза, со која успешно се борат веќе 10 години.
Ребека и нејзиното семејство нe испратија како што и нe пречекаа, со широка насмевка и порака дека за сe има време, само да сме живи и здрави.

М. Џаровска
Фото: Б. Грданоски

Шминка: "Мое студио" - Дадар
Фризура: "Студио Арт" - Сретен Костиќ


Текстот е прочитан 4422 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter