Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.02.2017, 14:25

ЕУ по изјавата на Рорбахер: Целосно го поддржуваме суверенитетот и целовитоста на Македонија

Европската унија во целост го почитува суверенитетот на Репулика Македонија, вклучително и почитување на границите на македонската држава. Ова денеска во име на официјален Брисел за МИА го пренесе портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, а по бурата во македонската јавност што ја покрена првиот човек на Поткомитетот за Европа во американскиот Конгрес, Дејна Рорбахер, изјавувајќи дека „Македонија не е држава и дека треба да се подели меѓу Косово и Бугарија“.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, а потенцирајќи дека Еврокомисијата има став да не коментира туѓи коментари, портпаролката Коцијанчиќ го пренесе официјалнио став на ЕУ за поддршка на македонската држава во нејзините граници поради вознемиреноста во македонското општество, предизвикана од коментарите на високиот американски службеник, откако истите се појавија заедно со т.н. албанска платформа на некои политички партии во Македонија, а која претставува закана за унитарноста на земјата.
- Кога станува збор за БЈР Македонија, ова е земја-кандидат и ние целосно ја почитуваме истата. Ние се занимаваме со земјата и ја поддржуваме со целосно почитување на сето она што се подразбира, вклучувајќи го нејзиниот суверенитет, но и со почитување на нејзините граници. Ние, всушност, постојано се залагаме дека нема промени кога станува збор за границите и работиме со кандидатските земји со сета сериозност, поддршка и одлучност во поддршката на нивниот пат кон Европската унија, изјави Коцијанчич за МИА.
Во име на официјален Брисел, таа додаде дека Унијата и тоа како смета на сите балкански земји во однос на соработка и нивно приближување кон ЕУ.
- Тоа е регион што има европска перспектива и кој е дел од нашата политика за проширување исто така. Ние правиме голем број работи со цел да го подржиме регионот во однос на политички и економски аспект, но и за понатамошен развој, а со цел земјите да се доближат поблиску до Европската унија. Во принцип, ова е базирано на нашата регионална соработка, добрососедските односи и помирувањето. Во тој поглед, ние правиме бројни работи, па меѓу другото посредуваме и во дијалогот меѓу Белград и Приштина, додаде гласноговорничката на Европската комисија.


Текстот е прочитан 920 пати.
#
„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
ЕК: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет, не од нас
Регионална конференција за Балканската бегалска рута
Пратениците се вратија во собраниските клупи
Потврда од Албанија: Платформата од Тирана е масло на Еди Рама
(КОЛУМНА)Латас: Порно
На нозе и Македонците во Швајцарија
И овој викенд, наместо протести музички хепенинзи
ЕУ нуди работа за молери и камионџии од Македонија
Преспа е совршен пример на победа за одржливиот развој

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter