Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.12.2016, 13:37

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ЗА НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР ЗА НЕАНГЛИСКО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ

Холивудски прием на "Ослободување на Скопје"

"Одлично и живописно раскажан личен приказ на историјата" е заклучокот во критиката која списанието "Холивуд рипортер" ја објави за филмот "Ослободување на Скопје", во режија на Раде Шербеџија.

Во рецензијата опширно е раскажана приказната, како и богатата холивудска кариера на Шербеџија, истакнувајќи оти ова е негов прв филм како режисер, а го работеше заедно со неговиот син Данило.
"Возбудлива сценографија, локации и музика, како и елегантна камера на Дејан Димески има во филмот во кој дејството е случува во текот на '43- '44 година кога Македонија била под нацистичка окупација", е дел од рецензијата.
Филмот е македонски кандидат за Оскар за неанглиско говорно подрачје, а во петокот ја имаше последната специјална проекција во Лос Анџелес.



Како што велат од продукцијата "Партизанс", проекцијата се одржала пред самото гласањето за изборот на кратката листа од 9 филмови, кое заврши вчера.
"Освен голем број на членови на Академијата, голема чест е што на проекцијата присуствуваше и Анет Бенинг, која повеќепати е номинирана за Оскар и добитничка на Златниот глобус. По проекцијата на прашањата на присутните одговараше режисерот Раде Шербеџија", стои во соопштението на продукцијата.
(Н.П.)


Текстот е прочитан 823 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter