Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.02.2017, 18:21

ГРУЕВСКИ ЗА АКТУЕЛНАТА ПОЛИТИЧКА СИТУАЦИЈА

Ако СДСМ ја прифати Платформата, одиме во опозиција

"Кога ги бранев националните интереси, свесен бев дека ќе бидам нападнат, и затоа на нозе го издржав ова и имам уште сила, силата ја црпам од народот"

Кризата продолжува, се менуваат одредени фази на таа криза и има одредени различности. Нам ни требаат предвремени избори со јасен победник, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
"Ако загубиме со еден пратеник, нема да бидеме недостоинствени како СДСМ, да играме политички партии, да се нудиме на сметка на националните и државните интереси, бидејќи и државата губи со нивните понуди. Нема да го правиме тоа. Доколку имаме еден пратеник помалку, ќе се бориме во Парламентот со сите демократски средства, но нема да бидеме како СДСМ. Потребни ни се предвремени избори. Подобро е да биде појасна победата, чија и да е, но потоа да му се овозможи да формира влада", рече Груевски во интервју за телевизија "Нова".
Тој укажа дека на ДУИ $ е кажано оти "не можеме да прифатиме платформа потпишана во друга држава, и да разговараме".
"Ние препознавме дека станува за обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор. А ние знаеме дека многупати имавме сугестии од сите страни дека тој договор е тешко издоговаран и оти не треба да се мисли за негово репреговарање, зашто и другите заедници би излегле со свои барања како и мнозинската заедница. Така отвораме една Пандорина кутија. Сè треба да има логика во политиката. На Албанците на овие избори им се нудеше нешто што нема да им донесе подобро. Што имаат тие ако има двојазичност во Берово, Штип, Демир Капија, во Ресен. Ние рековме да се зборува за тоа во општини каде што има најмалку 20% од која било етничка заедница, за да добијат, ако треба, нешто и другите", додаде Груевски.



Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервјуто порача дека нема да се откажат од работење за доброто на граѓаните.
"Ако СДСМ ја прифати платформата, ние сме подготвени да одиме во опозиција, и ќе направиме сè што е во наша моќ да не се прифатат такви барања кои ќе го нарушат мирот. Сакаме да им помогнеме на сите граѓани да имаат подобар живот. Ние сме луѓе што држиме до даден збор, и нелогични работи нема да прифаќаме. Ние не сме против Албанците, иако медиумите на Сорос нè оцрнија и создадоа лоша перцепција за нас", рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа и на тоа дека, како што рече, "нема граѓанин што не го препозна тоа дека одредени дипломати и одредени држави се обидуваа со сите сили да му помогнат на СДСМ да биде попосакуван од македонските гласачи, а ВМРО-ДПМНЕ да биде што пооцрнета и ставена во што понепријатна ситуација".
"Велиме дека изборите беа фер, чисти, демократски и слободни, но не можеме да го изоставиме делот дека државата две години беше под тешка пресија, а ние како владејачка партија, под уште потешка пресија од надворешни фактори. Оваа криза $ беше наметната на земјата, долго подготвувана, и СДСМ немаше ни еден процент капацитет сам да организира таква криза, тој беше инструмент во целата ситуација", укажа Груевски.
Тој и потенцираше: "Кога ги бранев националните интереси, свесен бев дека ќе бидам нападнат, и затоа на нозе го издржав ова и имам уште сила, силата ја црпам од народот".


Текстот е прочитан 5746 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter