Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.03.2017, 19:47

„За заедничка Македонија“ го објави „Манифестот на 4-от Илинден“

Над 150.000 граѓани од цела Македонија втора недела го искажуваат својот револт од обидите да се задре во унитарноста на Македонија како и во најсветите нешта,како што се јазикот, нацијата, како и во Македонската православна црква, преку тиранската платформа.

Граѓаните 16.ден по ред порачуваат дека немаат намера да си заминат се додека партиите јасно не објават дека се откажуваат од платформата која беше промовирана во странска држава.Денешниот собир беше во знакот на музиката и спортот. Поддршка на собирот дадоа Мирко Рустев, селектор на Боксерската федерација Марко Савиќ, текводно борец, како и Цветан Стојановски, оперски пејач.

Стојановски нагласи дека постојат три столба кои не прават луѓе, а тоа се верата, татковината и семејството и дека не треба никому да дозволиме да чепка во нив.

-Без верата ги губиме нашите темели. Сакаат да ни кажат дека МПЦ не смее да стои зад македонскиот народ, а кога во минатото не стоела. Сакаат да ни кажат дека овде постоела некаква Илирида.Овде постоела заедничка Македонија и само таква може да постои. Не плашетес е да се закитите со најубавите бои и на балконите да го закачите македонско знаме-порача Стојановски.

Организаторите им се заблагодарија на некои членови на МАНУ кои ја отфрлија албанската платформа, но упатија и критики од некои од академиците кои ги нарекоа партиски мегафони.

На крајот на денешниот собир пред Собранието беше прочитан Манифест на, како што го нарекоа, четвртиот Илинден во кој беше обелоденето дека Македонците го креваат гласот за слободна, независна и демократска Македонија и дека целиот свет треба да ја слушне нашата мака и за содржината на тиранската платформа.


Текстот е прочитан 843 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter