Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.02.2017, 13:36

ПОП-ПЕЈАЧОТ АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ НАПОЛНИ 30 ГОДИНИ

Јубилејниот роденден го прославив кај девојка ми

Поп-пејачот Александар Белов вчера наполни 30 години. Јубилејниот роденден го помина во Крагуевац, Србија, каде што живее неговата девојка Јелена Станковиќ.

Белов и Јелена се во врска две години и оттогаш се често на релација Крагуевац-Скопје.
"Овој јубилеен роденден ќе го поминам во Крагуевац, со девојка ми и со најблиските. Си посакав оваа година да ми биде многу успешна и да ме чува здравјето. И понатаму ќе продолжам со клупските настапи кои, освен во Македонија , се проширија и во Србија. Кон крајот на месецов излегува мојот нов сингл со наслов 'Знам како е'", се роденденските најави на Белов.



Во вчерашниот разговор, тој ни рече дека неговата девојка Јелена му подготвува роденденско изненадување. Во нејзиниот град, тој често настапува во еден познат ноќен клуб и вели дека му е драго што српската публика не го заборавила од регионалното музичко шоу 'Операција Триумф', кое се емитуваше во 2008 и во 2009 година од Белград. Белов во финалето го освои второто место.
Оваа недела, тој ќе настапи во неколку македонски града, а потоа во Крушевац, Крагуевац и во Нови Пазар во Србија. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1412 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter