Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.04.2017, 08:10

Момчето на Матка загинало бранејќи го својот брат

Малолетникот од Сарај кој вчера беше убиен тргнал да му помогне на својот брат кој бил нападнат, но не успеал да го одбрани од напаѓачите. Завчерашната физичка пресметка завршила трагично за него, откако бил прободен со нож во градниот кош. Во инцидентот учествувале три момчиња од Шишево од една страна и браќата од Сарај од друга страна.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, трите момчиња од Шишево започнале расправија со малолетник од Сарај, а потоа и физички го нападнале. Момчето успеало да го повика на помош својот брат кој пристигнал набрзо.

„Во еден момент А.Е. извадил нож со кој замавнал и го повредил малолетникот нанесувајќи му посекотина во пределот на левата страна на градите. Потоа А.Е. со ножот го прободел и неговиот брат, кој предходно дошол со скутер, во пределот на десната страна на градниот кош, при што истиот паднал на асфалтот и починал“, се наведува во полицискиот извештај.

Екипата на итната медицинска помош која пристигнала во Матка ја констатирала смртта на момчето.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. За две момчиња инволвирани во тепачката издадена е наредба за спроведување на истражна постапка. Против нив, поднесени се и кривични пријави. Едниот е пријавен за кривичното дело убиство, додека вториот за учество во тепачка. За првото момче обвинителот бара судија на претходна постапка да определи мерка притвор, додека за второто пријавено момче предложени се мерки за претпазливост.

По наредба на обвинителот, телото на починатиот било пренесено во Институтот за Судска медицина за обдукција, а од местото на несреќата подигнати се траги и предмети кои се предадени на вештачење.

За тепачка со трагичен епилог, покрај осомничените, обвинителството сослушало уште три лица кои ќе помогнат за целосно расветлување на околностите под кои се случила пресметката и кои биле мотивите.


Текстот е прочитан 4023 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter