Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 12:57

Грчките европратеници се мобилизираат околу Тајани во врска со името на Македонија

Грчките политичари по се изгледа не можат да ја заборават изјавата на сегашниот претседател на Европскиот парламент Антонио Тајани, кога тој минатата година при посета на Скопје ја нарече нашата земја Македонија. Најактивни на оваа тема се грчките европратеници за кои локалните медиуми информираат дека тие ја користат секоја прилика да го потсетат претседателот на Европскиот парламент дека згрешил, иако тој ја даде изјавата пред да застане на чело на ЕП.

Пред десетина дена Тајани на својот профил на Твитер на грчки напиша дека е „добро запознаен со историјата“.

„Александар Велики бил Грк со идеи кои придонесоа за раѓањето на Европа“, напиша тогаш на грчки јазик новиот претседател на Европскиот парламент.

Коментарот на грчки на Тајани беше објавен по средба со европратеникот од Нова демократија Манолис Кефалојанис. Тој и самиот на својот профил на Твитер ја пренесе изјавата на грчки на Тајани, нагласувајќи дека е напишана по нивната средба, за која објави и фотографии. Кефалојанис претходно му напиша отворено писмо на Тајани во кое му ја презентира „историската вистина“, според него, и наведува неколку „историски факти“ за кои тврди дека докажуваат оти „Александар Македонски бил Грк“.

Деновиве средба со Тајани имал и грчкиот европратеник Димитрос Пападимулис од Обединета европска левица што грчката јавност го протолкува како „одржување добри односи меѓу грчките европатеници и претседателот на ЕП“.

На приватната средба, Пападимулис побарал од Тајани да го покани грчкиот премиер Алексис Ципрас да одржи говор во Европскиот парламент.

„Причина? Како чин на покајание за она што Тајани го рече за Скопје“, информираат грчките медиуми.


Текстот е прочитан 1660 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter