Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 13:39

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СЕЗОНАТА

Чаби Алонсо се пензионира

Прославениот шпански репрезентативец Чаби Алонсо објави дека ќе се пензионира по завршувањето на сезоната.

Триесет и петгодишниот креативец претходно најави дека не планира да потпише нов договор со Баерн, за вчера и официјално да потврди дека и става крај на кариерата, што ја почна во 1999 година.
- Го живеев фудбалот. Го сакав. Збогум убава игро - напиша Алонсо на Твитер.
Алонсо има две титули европски првак, со Ливерпул во 2005 и со Реал Мадрид во 2014 година, а освои и се што можеше да се освои со Шпанија. Тој беше дел од тимот кој триумфираше на СП 2010 и на европските првенства во 2008 и 2012 година, што го прави еден од најтрофејните шпански фудбалери.
- Ова не е лесна одлука, но секогаш сум велел дека сакам да ја завршам кариерата на највисоко ниво. Можам да играм уште некое време, но чувствувам дека дојде моментот да се каже збогум. Мило ми е што се повлекувам како член на Баерн Минхен - изјави Алонсо.


Текстот е прочитан 708 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter