Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.03.2017, 14:32

НУБ СО ПРОМОЦИЈА ПО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ДРАМАТУРГОТ ДАРКО ЈАН СПАСОВ ЗА ПРЕТСТАВАТА "ВЕНЕЦИЈАНСКИ ТРГОВЕЦ"

Претставен препев на Шекспир на македонски од пред 109 години

Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", вчера пред јавноста го претстави новооткриениот превод на Шекспировата пиеса "Венецијанскиот трговец" од македонскиот револуционер и деец Тодор Лазаров - Хаџидимитриев од 1908 година.

Директорот Иван К. Заров рече дека преводот во ракопис одамна е библиотечно и каталошки обработен во Археографската збирка во НУБ, но за промоцијата е заслужен драматургот од театар Комедија Дарко Јан Спасов.
Препевот на штипјанецот Тодор Хаџидимитриев, изработен во ракопис со курзивно писмо, според сигнатурата е направен во периодот 17 - 27 април 1908 година, во перидот додека одлежувал затворска казна покрај пристаништето Триполи (арапски Тарабулис) на источното медитеранското крајбрежје, во тогашниот Сириски Ејалат, денес Либан.
Истражувајќи за претставата "Венецијански трговец", која неодамна беше премиерно изведена во Драмски театар, во режија на Наташа Поплавска, Спасов се заинтересирал дали можеби има уште некој превод на Шекспировата пиеса, покрај тие на Георги Сталев и на Драги Михајловски.
Спасов, како што рече на вчерашната промоција, го користел системот КОДИС за електронско воведување и запишување и дошол до податокот дека НУБ има превод на "Трговецот" од Тодор Лазаров - Хаџидимитриев.



Примерокот бил заведен како антиквитетно градиво од прва категорија.
" Во театарските кулоари постоела идеја дека некогаш некој Тодор Лазаров го превел Шекспир, но се мислело дека тоа е изгубено во историјата
Заклучив дека не само што е оригинален туку влегува во пренесувањето на Шекспир со еден драматуршки усет, толку прецизен и луциден. Неговите реченици се далеку подејствителни од дискурсот кој го пренесуваат Божил Рајнов и Крстјо Мирски",
Интересно за ова дело е што тој е првиот сериозен драматург кој прави сериозна подела во сцените, што е од исклучително значење за македонската драматургија.", истакна Спасов.
" Се поставува прашањето кој е неговиот интимен творечки порив да го преведе Шекспир во ќелијата на затворот во Триполи каде што бил интерниран во 1905 година, заедно со неговиот соидејник д-р Петар Кушев. Зошто Шекспир и зошто токму 'Венецијанскиот трговец' ќе остане енигма, но верувам и поттик за истражување на денешните македонски театролози, драматурзи и на пошироката македонска културна и општествена јавност", рече Заров.

(Б. Н.)
Фото: Д.Перковски


Текстот е прочитан 892 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter