Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.03.2017, 13:27

АНКЕТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ПОЛИТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА

Во Груевски доверба имаат 26%, во Заев двојно помалку 13,5%

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има речиси двојна предност во однос на довербата кај граѓаните споредено со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Најновите резултати од анкетата на Институтот за политички истражувања  од Скопје (ИПИС) покажуваат дека 26 проценти од граѓаните се изјасниле дека најголема доверба имаат во Груевски, додека на Заев му веруваат 13,5 отсто од анкетираните граѓани.
Анкетата е спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1.100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.
Освен на ова прашање испитаниците одговарале и на други прашања.
Граѓаните се против воведување на двојазичност во целата држава. 81,8 проценти од анкетираните во рамки на анкетата спроведена од Институтот одговорите дека лично не би прифатиле двојазичност на цела територија на Македонија.
 
Граѓаните не ја прифаќаат и платформата на етничките албански партии со цел нова влада на чело со Зоран Заев. Високи 72,5 проценти одговориле децидно НЕЕ на ова прашање.
Од испитаниците 54,1 проценти сметаат дека прифаќањето на платформата на Албанците и двојазичноста ќе биде вовед во бинационална држава, поголеми поделби и федерализација.
52,2 проценти од граѓаните кои биле дел од анкетата сметаат дека понудата на Груевски целосно да ја поддржи Владата на СДСМ доколку не ја прифатат платформата на Албанците е искрена понуда за спас на Македонија од федерализација и нови поделби.
Протестите на граѓанската иницијатива За Заедничка Македонијаа вкупно ги поддржуваат 51 процент од испитаните во кој влегуваат и етничките Македонци и етничките Албанци.
Одвоени по етникуми, резултатите од анкетата покажуваат дека 60 проценти од етничките Македонци и даваат поддршка на граѓанската иницијатива, додека 58 проценти од Албанците не ја поддржуваат.
Анкетата на ИПИС е спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1.100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.


Текстот е прочитан 483 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter