Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 10:15

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е целосно на спротивна страна од народот

СДС е целосно на спротивна страна од народот и гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината и не се согласуваат со пазарењето со највисоките државни и национални интереси, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него е избезумено. Сакаат да ги замолкнат сите кои говорат против тиранската платформа и кои го демаскираат нивното предавство. Ветуваа двојазичност, дебати за химната, грбот и знамето. Ветуваа промена на банкнотите, двојазични униформи и федерализација. Ветуваа државни функции и со молчење ги одобруваа сите навреди и негирања на македонскиот идентитет. Ветуваа и нудеа се она за кое што се бореа и гинеа генерации Македонци само за да дојдат на власт и да се спасат од издржување долги затворски казни, се наведува во партиското соопштение.

Македонскиот народ, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ги прочита и им застана на пат, порачувајќи им дека не прифаќа ниту тиранска платформа, ниту тиранска влада.

- Криминалците од СДС во немоќ стануваат се понасилни кон граѓаните. Тие им се криви заради тоа што не може да ги испорачаат ветувањата за кои се уценети од наркодилерите. Затоа пратеник од СДС физички нападна младо момче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата во паника се и медиумите под контрола на СДС/Сорос. - Тие мора да пишуваат лажни вести и да го покриваат дивеењето на насилниците на криминалецот Заев. Тие не смеат да ги пренесат изјавите и фотографиите на повреденото момче од болница, ниту смеат да го прашаат Максим Димитриевски како тој бил нападнат од шестмина полицајци, а нема ниту гребаница, стои во соопштението од партијата.

- ВМРО-ДПМНЕ како сериозна и одговорна партија понуди излез од политичката криза. Тоа е Манифестот за единствена Македонија. Овој Манифест е гаранција на унитарниот карактер на Македонија и најдобар одговор на негирањата кон македонскиот народ, државните симболи и иредентизмот кој го промовираат домашни, но и странски субјекти, се наведува во соопштението.


Текстот е прочитан 764 пати.
#
56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ: Ја осудуваме изјавата на дебарскиот градоначалник Лата
Тодоров: Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Ниски температури во цела Македонија, земјоделците стравуваат од големи штети
ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криз
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter