Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

20.03.2017, 13:22

Здравје и убавина

Убави со домашни маски

Јајце за лифтинг

Дали некогаш сте пробале да ја растегнете кожата на лицето со маска од изматено јајце? Ефектот е ист како кај лифтинг-маската. Јајцето ги затвора порите, ги тонизира и ги опушта напнатите црти на лицето, како моментален лифтинг. Разликата е само во траењето: ефектот на кремот трае најмалку половина ден, а од јајцето најмногу два часа.

Крем против брчки за лактите

Сте отишле на пат, а не сте го затвориле добро својот скапоцен крем против брчки. Ве дочекува крем со жолт слој на површината. Не фрлајте го, туку користете го за омекнување на лактите и на петиците. Доволно е да нанесете дебел слој на кожата, а потоа истријте ја со камен за плускавци.

Крем од мед

Сакате да направите свој крем? На пареа загрејте шолја бадемово масло и половина шолја мед. Кога ќе се излади смесата, ставете и три капсули или таблети витамин Е и неколку капки есенцијално масло за мирис.



Глина против маснотија

Ако ве мачи пресјајната кожа, не претерувајте со производите за чистење со астрингентен ефект, бидејќи можете премногу да ја исушите кожата. Подобро подгответе маска против вишокот маснотија, која ќе ја добиете ако измешате неколку лажичиња зелена глина и јогурт.

Камилица за очите

Ако очите ви се потечени, црвени, уморни... сварете чај од камилица и оставете да се излади. Натопете тампончиња за чистење или газа и ставете ги на затворени очи. Дајте си така десет минути одмор.


Текстот е прочитан 571 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter