Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.03.2017, 15:42

НАСТАСИЈА ГЕЛЕВСКА, ХЕНДЛЕР

Им пренесувам позитивна енергија, па кучињата ме слушаат

Анастасија Гелевска има само 14 години, ученичка е во деветто одделение во основното училиште "Браќа Миладиновци" во Куманово, сака музика и тренира одбојка. Навидум ништо невообичаено за девојче на нејзина возраст. Но она што ја издвојува од нејзините врсници е тоа што таа е хендлер на кучиња. За оние што не знаат за што станува збор, хендлери се водичи на кучиња во рингот на изложби, кои знаат како да го наместат кучето пред судиите за тие да ги забележат неговите најдобри карактеристики и за да му дадат високи оценки.

На изложби таа води и свои и туѓи кучиња, најчесто мали и средни раси, но вели дека најлесно $ е да работи со лабрадор, француски булдог и со француска пудла. Анастасија е израсната со кучиња и дома има две, францускиот булдог Лола и пудлата Фиби. Но како успева да ги научи и туѓите кучиња да ја слушаат за да чекорат и за да позираат како што треба пред судиите? Вели дека тоа го прави со ринг-дресура и дека со зборување со возбудлив тон им ја пренесува својата позитивна енергија и така тие се заинтересирани да слушаат.

За тоа како се станува хендлер, занимање кое во светот е прилично популарно, но кај нас сe уште е невообичаено, особено за толку млад човек, Анастасија нагласува дека најпрво треба да се имаат волја и љубов кон кучињата, но и талент. Потребно е да се учествува на повеќе изложби, да се оди на обука, семинари и на школи за хендлерство.

"Да, тоа можеби е невообичаено, но мене воопшто не ми е чудно. Сакам да го работам ова и да ги гледам професионалните хендлери за да научам и други работи. Татко ми се занимава со одгледување кучиња, но знае многу работи за хендлерството и многу ме поддржува. Кога почна татко ми да оди на изложби, почнав и јас", вели Анастасија.

Да води кучиња научила одејќи на семинари и на изложби во Македонија и гледајќи ги професионалните хендлери. Семинари се држат најчесто во Гевгелија, Скопје, Струга, а поретко и во другите градови. Сe уште нема школа за хендлери во Македонија, но има во Бугарија и во другите соседни земји.

А. Стојковска

Најтрофеен млад хендлер

Со хендлерство почнала да се занимава на осумгодишна возраст, а веќе на десет почнала да освојува трофеи.
"Јас сум најтрофејниот млад хендлер за 2015 во Македонија. Имам освоено преку педесет пехари, околу триесетина медали и розетни. Имам добиено и благодарници и дипломи. Најзначајни ми се дипломата од европската изложба во 2014 година во Чешка и благодарницата од Кинолошкиот сојуз на Македонија за најтрофеен млад хендлер", вели Анастасија.


Текстот е прочитан 2429 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter