Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.01.2017, 14:31

Актерот Шаја Лабаф уапсен за физички напад

САД - Актерот Шаја Лабаф беше уапсен рано вчера, откако се расправал со друг маж пред музеј во Њујорк каде што скандирал "Нема да нè поделат", пред камера во живо, по инаугурацијата на Доналд Трамп.

Полицијата рече дека Лабаф му го повлекол шалот на неидентификуван 25-годишен маж пред Музејот за филм во Квинс, при што му го изгребал лицето. Исто така, го турнал човекот, кој одбил медицинска помош.
Лабаф ги помина првите неколку дена по инаугурацијата на Трамп танцувајќи и повторувајќи "Нема да нè поделат" пред камера, што го снимаше во живо пред музејот. Преносот во живо е за проектот јавна уметност со учество на Лабаф и на двајца негови соработници, кој тие планираат да го емитуваат 24 часа на ден, во текот на следните четири години.Преносот почна утрото на денот на инаугурацијата, а беше отворена и веб-страница, преку која јавноста може да учествува во проектот.
Технички, проектот не е во знак на отпор против Трамп, рече Лабаф во интервју за "Асошиетед прес".
"Ние сме против поделба. Сите се поканети. Сè што сакам да кажам е бидете фини едни кон други", рече тој.
Не е познато зошто почнала расправијата. Лабаф е уапсен за физички напад.


Текстот е прочитан 1115 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Субару ИксВ" им пркоси на европските СУВ-модели
Јапонскио производител ја претстави новата генерација на "Икс В", но надво...
"Фијат 500 мирор": За родените во 80-те на минатиот век
Освен обележувањето на 60-годишнината од појавувањето на "фијат 500", или ...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter