Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.03.2017, 13:42

КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ПО ПОВОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ СЛИКАР ФРАНГОВСКИ

Камбаната во Галичник бие за Нове

Замина голем уметник и човек, голем галичанец, беше речено на вчерашната комеморативна седница по повод смртта на сликарот Нове Франговски, одржана вчера во НГ Даут-пашин амам.

На тажното собрание, во присуство на семејството и на голем број почитувачи на неговото творештво, пријателот од Галичник Коста Граорковски, на емотивен начин, рече дека Нове беше пример за тоа како треба да се афирмира Галичник, пред сè, со формирањето на Галичката колонија во која, како што рече, тој вложи искрена љубов, верба и енергија за да бидат нагостени стотици гости од светот. Франговски беше сликар со големо С, рече Граорковски, кој додаде дека авторскиот белег кој тој го има како уметник, успеал да го пренесе и на Колонијата која, по многу нешта, стана единствена и различна од останатите колонии во земјава, и прерасна во современа колонија на 21 век. Камбаната во Галичник и натаму ќе бие за Нове, рече пријателот, а тажните песни од Галичката свадба, ќе бидат пеени во негова чест.
Историчарката на уметност Марика Бачварова - Плавевска, како соработник на Франговски, зборуваше и анализираше одредени фази на уметникот, и оцени дека е тој еден од поголемите автори на современата македонска уметност што се јавија по '60-тата година од минатиот век, и оти местото на Франговски, со право, е рамо до рамо со Перчинков, Шемов, со Чемерски. Она што го карактеризира неговото творештво, рече Бачварова - Плавевска, е пред сè, првична надреална определба која, на некој начин, ќе ја пренесе и во понатамошните фази на апстрактна фигурација, периоди кои се врвен дострел и исчекор во македонското сликарство.



Љупчо Маленков, историчар на уметноста, во своето проштално слово за маестро Франговски рече дека замина еден од великаните , уметник што остава грандиозно дело, уметник кој имаше божја дарба и кој внесуваше особен дух во своите дела.
Нове, рече Маленков, беше благороден човек, сопруг, татко, дедо, другар и колега. Тој додаде дека репутацијата која Франговски ја има во светот, е репутација и за Македонија која, пак, беше негова вечна инспирација.
Колегите на Нове ја истакнаа неговата блиска поврзаност со неговата ќерка, една од експонираните млади кураторки. Ана, заедно со него, е заслужна за ѕвездените ноќи на Галичката колонија која, беше речено, несомнено ќе продолжи со истиот жар.
За уметничката мисија на скромниот уметник со големо срце и дух Нове Франговски говореа и директорката на Националната галерија Дита Старова - Ќерими, претседателот на Друштвото на ликовните уметници Христијан Санев и неговиот близок пријател и сват Никола Прелиќ.
Франговски почина во петокот на 80-годишна возраст, а беше погребан вчера на Градските гробишта во Бутел. (М.За.)


Текстот е прочитан 1798 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter