Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 15:25

МПЦ-ОА: Да се зачува унитарноста на државата и уставната позиција на македонскиот јазик

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изразува голема загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа македонското општество и повикува на меѓусебно почитување, проштевање, помирување и одговорност.

САС на МПЦ во соопштението од денешната седница, апелира до политичките лидери да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на РМ согласно Уставот, како и унитарниот карактер на државата.

- Сегашноста и идината на Македонија ја гледаме преку сочувувањето на унитарниот карактер на Македонија, а за сето ова ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство. Стремејќи се кон тоа нашиот верен народ треба да се раководи и од Евангелските христијански вредности, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Според САС, македонските национални државни и стратешки интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секого од нас, што подразбира живеење по Божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот на РМ.

- МПЦ е духовна мајка на сите православни верници и на сите други, независно од нивната национална и етничка припадност и таа родителски се застапува да не биде повредено ничие национално, етничко и верско достоинство, истакнуваат од САС на МПЦ-ОА.

Цени, како што стои во соопштението, дека на РМ и е потребен попис на населението кој треба да биде изготвен не заради одземање на нечии права, туку за остарување на придобивките на сите граѓани кои живеат во државата.

Синодот на денешната седница разгледал повеќе актуелни прашања од црковниот живот во епархиите, воспитно-образовните инситуции и ја утврди програмата за одбележување 50 години од обновувањето на автокефалноста на МПЦ.


Текстот е прочитан 2037 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter