Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.02.2017, 10:12

ЛИГА НА ШАМПИОНИ - ОСМИНАФИНАЛЕ

Буфон против Касилјас по 17. пат

Порто вечерва го пречекува Јувентус на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, што, истовремено, ќе донесе нов дуел на двајцата најдобри голмани во 21. век.

Веќе 20-ина години во врвот на светскиот фудбал, Икер Касилјас и Џанлуиџи Буфон никогаш не ја криеле меѓусебната почит и ова ќе им биде 17. дуел во кариерите.
- За мене, ти си најдобар - му се обрати Касилјас на Буфон неодамна на Твитер, на што доби симпатичен одговор.
- Јас нема да избирам. Ние сме најдобри.
И додека Шпанецот трипати беше европски првак со Реал Мадрид, на Буфон му недостига овој трофеј, откако со Јувентус губеше во финалето во 2003 и 2015 година.
- Имам среќа што сум три години помлад од Џиџи. Отсекогаш сум го почитувал и како голман и како личност. Како што раснев, тој ми беше пример, а потоа заедно се развивавме и остваривме слични кариери. Двајцата имаме освоено многу. Мислам дека италијанскиот фудбал нема да добие друг голман како него - вели Касилјас.
Бидејќи очајно ја брани титулата во Англија и се бори за опстанок, Лестер сите карти ги фрли на Лигата на шампионите, во којашто денеска и гостува на Севилја. Лестер е само бод над зоната на испаѓање, додека Севилја игра атрактивно под водство на Хорхе Сампаоли.
- Ова е голем меч. Бевме одлични во групната фаза, но Севилја игра фантастична веќе неколку години. Првиот меч е многу важен, не смееме да изгубиме. Ако оствариме добар резултат, тоа може ќе се пренесе и на Премиерлигата - вели голманот на Лестер, Рон-Роберт Циглер.


Текстот е прочитан 848 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter