Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 14:08

ВО РАМКИ НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НОВАТА ЛЕТНА СЕЗОНА

Побелеа коњите во фонтаната на "Филип Втори"

Сите фонтани се чистат и на почетокот од април ќе бидат пуштени во употреба, а покрај чистењето, ќе бидат патинирани и ќе им бидат проверени и механизмите, објаснуваат од Град Скопје

На плоштадот "Филип Втори", служби ангажирани од Град Скопје ги подготвуваат фонтаните за да почнат да прскаат. Работниците ги стругаат фигурите поставени во фонтаните, па поради тоа бронзените коњи, Олимпија со детето и лавовите поставени во фонтаните на овој плоштад, се побелени.
Од Градот објаснуваат дека сегашниот изглед на фонтаните не е конечен, оти се работи на нивниот патинирање.
"Фонтаните во централното градско подрачје, во рамки на тековното одржување, се подготвуваат за новата сезона. Сите фонтани се чистат и на почетокот од април ќе бидат пуштени во употреба. Фонтаните, покрај чистењето, ќе бидат и патинирани и ќе им бидат проверени и механизмите. Оваа процедура е предвидена и за фонтаната кај Музејот на македонската борба. Се работи за тековно одржување, а не за посебни активности", велат од Град Скопје.



На плоштадот "Филип Втори", во централната фонтана, на постамент висок 16 метри, стои 13-метарскиот споменикот на Филип Втори. Има фонтана со Олимпија како го држи в раце Александар Македонски како дете, и две помали фонтани до споменикот на просветителите, во кои има скулптури на коњи. Изградбата на плоштадот чинеше 6,5 милиони евра. Автор на скулптурите е Валентина Каранфилова - Стевановска, а леени се во италијанската леарница "Фондерија артистика Гуастини".
До 2013 година овој плоштад го носеше името "Карпошово востание" оти, покрај Камени мост, на брегот на Вардар бил набиен на колец војводата Карпош, но со одлука на Советот на Град Скопје, во летото 2013 година плоштадот беше преименуван во Филип Втори. (М.И.П.)


Текстот е прочитан 1337 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter