Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.03.2017, 14:08

ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ДОГРАДБА

Изградбата на Конгресниот центар ќе стартува во септември

Проектот за реконструкција, доградба и надградба на Конгресен центар "Александар Македонски", односно на Универзална сала е во завршна фаза.

Ова го истакнаа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерот за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, кои најавија дека годинава треба да започне и реализацијата на овој капитален проект.
Според Трајановски во тек е проектирањето на објект, што го прави проектантската куќа ГИМ, којшто треба да биде готов во втората половина на мај.
"По изготвувањето на сите потребни проекти, Градот Скопје кон крајот на мај или почетокот на јуни ќе распише тендер за изградба и доколку сè оди како што треба, очекувам истата да започне во септември ", рече градоначалникот. Трајановски нагласи дека ќе биде задржан основниот облик на Универзалната сала, а дополнително ќе се доизградат нови содржини. Финансирањето на целиот проект ќе го изврши Владата на Македонија, преку Министерството за култура.



"Со овој проект, во делот на реконструкцијата се опфатени целосно интериерно уредување и поставување на целосно нова сценска технологија, реконструкција на влезниот хол со целото фоаје, реконструкција на постојната централна сала, како и реконструкција на куполата на покривот и галериите. Во делот на доградба предвидено е доградба на приземјето, галериите и околу надворешниот прстен на самиот објект. Во објектот со оваа доградба се предвидени: целосно реконструирана постојната сала со 1.400 седишта, изградба на поголем број нови повеќенаменски сали со капацитет од 200 и 120 седишта, 4 нови мултимедијални сали со капацитет од 30 до 40 седишта и 6 нови простории за билатерални средби. Ќе се изврши и доизградба на простории за администрацијата, како и паркинг простор на две нивоа што ќе биде на површина од околу 5.000 квадратни метри", кажа министерката Елизабета Канческа-Милевска.
Универзалната сала во Скопје е изградена во 1966 година и досега ја посетиле околу седум милиони посетители.


Текстот е прочитан 440 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

56-ти ден „За заедничка Македонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)
Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт пора...
Принцезата од Тајланд во посета на Македонија (Фото)
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на пре...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter