Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.02.2017, 09:50

СРПСКАТА ЕТНОЅВЕЗДА БИЉАНА КРСТИЌ ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО ДОМ НА АРМ

По гостувањето во "Би-Би Си", концерт во Скопје

Српската етноѕвезда Биљана Крстиќ, заедно со оркестарот "Бистрик" во сабота на 25 февруари ќе одржи концерт во Скопје.

Концертот е во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот и ќе трае два часа. По пет години, ова е прв концерт на Биља Крстиќ и "Бистрик" во Скопје, а етноѕвездата пред публиката ќе го промовира својот најнов албум "Свод". Поводот за скопскиот концерт е нејзиниот оркестар "Бистрик", со кого таа прославува 15 години на музичката сцена.
За балканската етнодива неодамна се прикажуваше и емисија на познатиот светски канал "Би-Би-Си", а за новиот албум веќе се преговара да биде дистрибуиран во Англија, но и низ цела Европа.



Биљана Крстиќ е родена во Ниш. По завршувањето на основното и на средното музичко образование се запишува на факултетот за Музичка уметност во Белград.
Во нејзината соло кариера има издадено три албуми со поп-музика, а во меѓувреме снима песни со изворна етномузика со која станува популарна. Во 2003 година таа работи на музиката на популарниот филм "Зона Замфирова". Биљана соработуваше и со поп-ѕвездата Тоше Проески, со кого ја отпеаја македонската "Јовано Јованке", а таа беше гостинка и на неговиот концерт во Скопје. (А.Г.)


Текстот е прочитан 545 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter