Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.03.2017, 12:38

НЕОЧЕКУВАН ГОСТИН НА МАСТЕРС ТУРНИРОТ ВО МАЈАМИ

Игуана прекина меч, па направи селфи со Хас

Мечот помеѓу Томи Хас и Јиржи Весели, кој се играше во рамките на првото коло на Мастерс турнирот во Мајами, беше прекинат од неверојатна причина откако на теренот се појави една игуана.

При резултат 3:3 во третиот сет, неочекуваниот гостин беше забележан како мирно седи на семафорот што го покажува резултатот и германскиот тенисер го искористи тоа за да направи селфи.
- Ова е баш некој голем примерок - заклучи главниот судија, по што им предложи на тенисерите да продолжат со играта.
- Ако не мрда и само си седи така, ќе мора да продолжите да играте. Тоа не е опасно животно - додаде судијата.
Кога се обидоа да ја фатат, игуаната се спушти на теренот и избега.
- Можеби, игуаната знаеше дека за последен пат играм тука, па сакаше да ме поздрави. Беше интересно, вакво нешто никогаш не ми се случило - изјави 38-годишниот Хас, кој по кратката пауза загуби со 7:6, 3:6, 5:7.


Текстот е прочитан 830 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter