Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

30.12.2016, 14:04

ИЗБРАНИ НАЈУБАВО УКРАСЕНИТЕ ОБЈЕКТИ

20 ученици го украсувале награденото школо "Никола Карев"

Ресторанот "Рагуза" е прогласен за најубаво украсен угостителски објект, а СУГС "Никола Карев" има најубаво украсен двор од средните училишта. Денчо Јосимов има најубаво украсен двор од индивидуална станбена куќа, а Богоја Китанчев има најубаво украсена тераса.

Тие беа избрани во рамки на манифестацијата "Новогодишните бои на Скопје 2016", а градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вчера им ги врачи наградите. Тие добија по 10 000 денари од градоначалникот. На традиционалните спонзори на манифестацијата "Новогодишни бои на Скопје" "ЕВН Македонија", градоначалникот им врачи благодарница за соработката.
"ЕВН Македонија" на добитниците на наградите ќе им ја плати декемвриската сметка за потрошена електрична енергија.



Директорката на СУГС "Никола Карев" Елизабета Марковска - Ставревска рече дека редовно учествуваат на оваа манифестација и оти првпат ја добиваат наградата. Таа нагласи дека училишниот двор го украсувале поголема група ученици, околу 20-ина, заедно со професорите.
"Да се украси еден училиштен двор треба доста време, труд, но пред сè, желба нашето училиште да изгледа убаво и новогодишно украсено", рече Марковска - Ставревска.
За прогласувањето на победниците решаваше комисија, составена од новинари од повеќе медиуми.


Текстот е прочитан 1525 пати.
#
"Паркови" подготвува извештај за секоја палма поединечно
Асфалт наместо макадам на "Наум Наумовски-Борче"
Целосна нега за стари лица во нивните домови
Низ град се слуша ѕвон, почитувај вело бонтон
335 нови кревети за студентите во "Гоце Делчев"
Ќе запре изградбата на Офицерски дом
Екобилборд ќе ја јаде прашината во Скопје
Автопералницата остана како чир на "Трета македонска бригада"
И Советот на Центар изгласа стопирање на улицата на Кеј 13 Ноември
Пролет значи нова ера

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter