Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

18.01.2017, 22:57

Лазаров по поразот од Шпанија: Прв пат во кариерата коментирам судење, но нерамноправното судење боли

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е задоволен од изданието на Македонија но е разочаран од судиските одлуки кои одеа на штета на нашата репрезентација, сепак тој е оптимист и верува дека ќе стигнеме до третото место.

Кире Лазаров не можеше да се воздржи а да не го искоментира судењето на денешниот натпревар. Македонија одигра одличен меч против силната Шпанија која имаше ветер во грб од делителите на правдата.

„Што е тука е, нема време за плачење, ќе бидам краток, ќе го кажам она што најмногу ме иритира во текот на цело првенство. Ние како мала земја, како репрезентација од втор ешалон даваме максимум, не калкулиравме и господ ќе не награди, сигурно ќе не посреќи кога најмногу ќе ни треба, тоа што боли е нерамноправното судење. Никогаш во кариерата не го коментирам судењето, но веќе не можам, еве веќе четврти натпревар како што се случува тоа. Како Македонија значиме многу во ЕХФ и ИХФ а го немаме тој третман од судиите“ - вели капитенот Кире Лазаров.

„Но тоа е, сега треба да се одмориме и да размислуваме на утрешниот меч. Сакам да им честитам на колегите и на стручниот штаб, на целата фаланга која е тука. Се боревме машки против една селекција која претендира за медал и сигурно ќе го освои. Овој натпревар ни даде една надеж, верба, мислам дека и не сме многу истрошени, психолошки добро стоиме, покажавме и еден нов квалитет на овој меч, значи да надиграш една шпанска одбрана и тоа онака шаховски е еден голем комплимент. Сега треба да продолжиме исто, ако не и подобро и тоа ми дава верба дека утре можеме да направиме еден добар резултат и да го освоиме тоа трето место“.

Втор пораз за македонската репрезентација на СП 2017 - Македонија - Шпанија 25:29

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Мец загуби од Шпанија со 29:25 во четвртиот свој настап на Светското првенство, но не разочара, напротив му даде силен отпор на фаворитот.

Првото полувреме по резултатските пресврти заврши нерешено 14:14. Десетина минути се играше гол за гол, потоа Шпанците направија плус три (8:5) во средината на првиот дел. Следуваа минути на избраниците на Лино Червар и израмнување на резултатот во 18.минута (8:8). Македонија не застана тука туку продолжи со атрактивна игра. Во 23.минута поведе за првпат со два разлика (11:9), а во 26.минута по двата двојни цепелина на Лазаров со крилата Манасков и Георгиевски, резултатот беше 14:11. Сепак до паузата фаворитот со серија од три погодоци ја анулира негативата.

Слично како и во првиот дел и првите десет минути помина со наизменично водство на двете страни, потоа Шпанија се „одлепи“ на два па на три гола разлика во 45.минута. Во следните пет минути во два наврата доаѓаше на минус еден, но следуваше серија на противникот, неколку неискористени напади за Македонците и поразот беше неизбежен.

Најефикасен во нашиот состав како по обичај беше Кирил Лазаров со шест голови, пет постигна Никола Маркоски. Во победничкиот состав се истакна Валеро Ривера со девет погодоци.

Македонија има половичен ефект од две победи и два пораза, додека Шпанците се со максимални четири победи.

На двете вчерашни средби од четвртата рунда во групата Б: Словенија – Тунис 28:28 и Ангола – Исланд 19:33.

Табела: Шпанија 8 бода, Словенија 7, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.

Утре Македонија игра со Исланд во директен дуел за третото место во групата, што значи избегнување на домаќинот Франција во осминафиналето.


Текстот е прочитан 1986 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter