Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.04.2017, 13:24

НБА

Голден стејт го обезбеди Западот, Кливленд повторно лидер на Истокот

Голден стејт вориорс ја забележа 13. победа во низа, овој пат на гости кај Феникс санс со 120:111. Со оваа победа, Голден стејт го осигури првото место на Западот, така што ќе ја има предноста на домашниот терен во текот на целиот плејоф.

Вицешампионот беше предводен до новиот триумф од Стефан Кари, кој постигна 42 поени, а Клеј Томпсон забележа 22 поени.
Шампионот Кливленд кавалирс славеше против Бостон селтикс на гости со 114:91, во директен дуел за првата позиција на Истокот. Со оваа победа, "коњаниците" се вратија на чело на конференцијата.
Леброн Џејмс имаше одлична вечер со 36 поени, десет скока и шест асистенции, додека Кајри Ирвинг додаде 19.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот-Мајами 99:112, Детроит-Торонто 102:105, Бостон-Кливленд 91:114, Хјустон-Денвер 110:104, Мемфис-Оклахома сити 100:103, Сан Антонио-Лејкерс, Феникс-Голден стејт 111:120, Клиперс-Далас 112:101.


Текстот е прочитан 537 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter