Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.02.2017, 19:32

Заев по средбата со Иванов: Треба да докажеме дека имаме мнозинство согласно Уставот, а тоа е 61 пратеник

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва по двочасовните консултации кај претседателот Ѓорге Иванов изјави дека како второрангирана партија според бројот на освоени пратеници нема да го добијат мандатот за составување нова влада. Услов за тоа, како што рече, е доколку потврдат дека обезбедиле мнозинство во парламентот со приложување потписи на 61 пратеник.

- Беа разговарани сите детали и ни беше укажано дека како второ пласирана партија со број на мандати неможеме да добиеме мандат за формирање Влада. Укажувањето беше дека треба да докажеме дека имаме мнозинство согласно Уставот за формирање на влада, а тоа е 61 пратеник најмалку како доказ со својот потпис да биде доставено до Кабинетот на Ѓорге Иванов, со што дури тогаш ќе добиеме мандат за формирање влада, рече Заев.

Тој најави дека согласно овие детали ќе донесат одлуки и ќе ја информираат јавноста за тоа како понатаму ќе постапуваат.

На новинарско прашање, појасни дека не бил спомнат рок до ккога треба се поднесат потписите од 61 пратеник. СДСМ рече, има 49 пратеници и досега не разговарале сеуште за обезбедување мнозинство и обид за формирање влада.

Запрашан за опцијата за одржување нови избори, рече дека во моментов тоа им одговара само на СДСМ.

- Само на СДСМ во моментов му одговараат нови избори, но на РМ не и одговара нови избори, не им одговараат ни на другите политички партии. Затоа треба да ја скратиме колку што може побрзо оваа отворена состојба, недоречена поради одредени проблематизирања и да почнеме процедура на формирање влада, да ги вратиме институиците и да почне да функционира нова влада на РМ, рече лидерот на СДСМ.

Во однос на сугестиите на ЕУ за формирање широка владина коалиција, Заев посочи дека до нив не стигнале информации за широка коалиција или нешто слично што би значело сите партии да формираат влада.

- Толкувањето коешто го добивме од Брисел за нас е колку е можно поширока коалиција заради стабилна влада што значи стабилно мнозинство. Ако треба да има некоја влада 61 мандат зошто би било подобро да има 62, 67, 69 или слично. Тоа значи постабилно парламентарно мнозинство кое што ќе гарантира постабилна влада. За нас широка влада како упатство значеше колку што е можно поширока во делот на мандати во парламентот., рече Заев.

Тој го повтори партискиот став дека за нив не е прифатливо партиципирање во идна влада на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, и изрази оптимизам декаќе се формира влада предводена од СДСМ.

- Јас сум непоправлив оптимист и верувам оти сите аргументи се на оваа страна. Секој оној што ќе се обиде поинаку знае дека на првата кривина ќе застане. Иднината на Македонија е во концептот на едно општество. Овој капитал којшто е создаден првпат за условно кажана македонска партија која што веќе и не е тоа, за СДСМ гласаа сите етнички заедници. Создаден е одличен капитал за Македонија.Треба да бидеме мудри и паметни да го искористиме исклучиво за добра иднина на нашата земја, посочи Заев.

Во моментов во тек е средбата на Иванов со лидерот на ВМРО-ДПКМЕ Никола Груевски.

Иванов претходно имаше одвоени средби со лидерите на Беса и на Алијансата за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети кој даде изјава по консултациите

На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, биле поканети и претставници на ДПА.

Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов, а следуваат по неговите средби со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.


Текстот е прочитан 1841 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter