Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 15:57

Груевски: Остануваме на браникот на државните и националните интереси

ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ има намера да ја редефинира државата само за да дојде на власт и оти за оваа цел планира да го крши и Уставот на Република Македонија.

"Она што го најавувавме за време на целата предизборна кампања, сега го гледаат сите. СДСМ се обидува самата со себе да се натпреварува во проширувањето на понудата кон албанските партии за да дојде на власт по секоја цена. СДСМ е цврсто влезена со намера за редефинирање на Република Македонија. СДСМ за оваа своја цел планира да го крши Уставот на Република Македонија. Тоа нема да го дозволиме", вели ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на партијата Никола Груевски деновиве посочи дека СДСМ и ДУИ сакаат да направат дефакторизација на македонскиот народ.
"Она што сега се случува покажува дека СДСМ е цврсто влезена во намера да ја редефинира Македонија. Но, морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата "За подобра Македонија" ќе стои цврсто во која било ситуација на браникот и одбраната на државата и на националните интереси", рече Груевски оценувајќи ја ситуацијата со преговорите за формирање нова влада.
Му укажуваме, потенцира тој, на секој којшто сака да се коцка со државните и со националните интереси дека во оваа држава има и други кои мислат на тие интереси и коишто се подготвени да се борат за тие државни и национални интереси. Она што може да видиме, рече Груевски, е обид на СДСМ и ДУИ да направат дефакторизација на Македонците, на македонскиот народ, но и на другите етнички заедници како Турците, Србите, Власите, Ромите и останатите.
"Таа дефакторизација нема да ја дозволиме. Она што исто така го гледаме е дека СДСМ се обидува на некој начин да се натпреварува самата со себе колку повеќе ќе им даде на албанските партии, и се поставува прашањето до кога така. До кога со тоа давање, дали до моментот до кога нема да остане ништо во државата за давање и ќе се загуби сето она што е стекнато со многу труд, со многу крв и многу напор", истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на извештајот за напредокот на Македонија на листата за економски слободи на фондацијата Херитиџ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека тоа што сега од СДСМ тврдат дека Уставот нема да се менува е само заради фактот што, како што рече, знаат дека тој без ВМРО-ДПМНЕ не може да се менува.
"Инаку и Уставот ќе го променеа. Велат дека односно укажуваат дека сe ќе биде согласно Уставот, а всушност она што се слуша, што го планираат е кршење на Уставот. И тука ќе останеме цврсто на бедемот на одбраната на државните и на националните интереси во која било форма и во која било ситуација", рече Груевски.
Додаде дека продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата и оти комуницираат со сите што е потребно.


Текстот е прочитан 735 пати.
#
Проф. д-р Гордана Силјановска: Тиранската платформа е неуставна и води кон федерализација на државата
Младите генерации излегоа „За заедничка Македонија“ (Фото)
ИЛИЕВСКИ: Загрижени родители храбро излегоа за иднината на Македонија
Претседателе, „За заедничка Македонија“ е со Вас
Во живо - „За заедничка Македонија“ 25-ти ден за унитарна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Нови истраги на СЈО, медиумите ги спуштија камерите
Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Сендвичи со паштета
Приготвување: четири парчиња од лебот намачкајте ги со паштетата, одозгора...
Site Meter