Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.02.2017, 09:47

ПО УШТЕ ЕДЕН ДЕБАКЛ ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Почеток на крајот на ерата на Венгер во Арсенал

На Арсенал му се заканува седмата едноподруго елиминација во осминафиналето на Лигата на шампионите откако беше посрамотен од Баерн на "Алијанц арена" (5:1) и многумина сметаат дека ова е почеток на крајот на ерата на Арсен Венгер на "Емирати".

Французинот, кој цели 21 година го води Арсенал без да го освои најдрагоцениот клупски трофеј, беше толку шокиран по дебаклот во Минхен, што ја прекина прес-конференцијата по само три прашања.
- Нема да барам оправдувања. Сè што направивме вечерва беше погрешно, што беше највидливо при петтиот гол. Шок е да се загуби натпревар со ваква разлика, но Баерн беше подобар од нас во секој поглед - изјави Венгер, за чиј наследник најголеми шанси им се даваат на Масимилијано Алегри од Јувентус и на Еди Хоув од Борнмут.
Иако реваншот во Лондон би можел да биде само формалност, Карло Анчелоти смета дека Венгер сè уште не го кажал последниот збор.



- Одигравме добар натпревар и мило ми е за моите играчи. Во второто полувреме сè функционираше како часовник. Но, ова е само еден меч. Сигурен сум дека Венгер ќе пронајде начин да ја извлече екипата од оваа тешка ситуација - смета тренерот на Баерн.
Лоренцо Инсиње го шокираше "Бернабеу" со прекрасен гол во осмата минута, но тоа само го разбуди Реал Мадрид, кој на крајот го совлада Наполи со 3:1. Печат на победата стави Каземиро во 54. минута, со голот што го воодушеви и Рафаел Надал.
- И натаму е 50:50, има уште да се игра. Тие ќе направат сè за да ни ја отежнат работата. Имаме добар резултат од првата средба, но недоволен за веќе да размислуваме за следната рунда - оцени тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Кристијано Роналдо нема постигнато гол во ЛШ веќе 523 минути, но затоа со 30. асистенција го надмина рекордот на Рајан Гигс.


Текстот е прочитан 831 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter