Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.03.2017, 13:58

ШТИПСКИОТ ФЕСТИВАЛ СЕ ВРАТИ ВО СТАРИОТ ТЕРМИН

"Макфест" избра 21 песна, а девет ќе нарача

Од пристигнати 140 композиции, Дирекцијата на музичкиот фестивал "Макфест"" на прес соопшти дека е позната листата на примени композиции и нивните автори.

Единаесет композиции се од македонски автори, десет од странски од исто толку држави во светот, а девет ќе бидат по нарачка.
"Во конкуренција се автори и интерпретатори од Финска, Шведска, Грузија, Литванија, Малта, Белорусија, Азербејџан, Бугарија и од Таџикистан, а една композиција е во копродукција на автори од САД и Велика Британија. Според правилникот за работа, Дирекцијата на 'Макфест' ќе го искористи правото за нарачка на девет композиции и се надевам дека до почетокот на летото ќе се заокружи списокот од 30 натпреварувачки композиции", вели координаторот на "Макфест" Кирил Панајотов.



Музиката, аранжманите и текстовите на веќе избраните 11 композиции се на Дарко Димитров, Елена Ристеска, Магдалена Божиновска-Стојановска, Е. Краљевска , Драган Таневски, Стевче Грозданов, Ристо Самарџиев, Владимир Дојчиновски, Ф. и О. Неделковски, Александар Чекречи, Маја Павловска, Роберто Поп Димитров, Владо Георгиевски, Адријана Јаневска, Стојанче Аврамов, Ина Стојановска и на Никола Автовски . Пејачи ќе бидат Лина Пејовска, Мартинијан, Александар Тарабунов, Мартина Митревска, Ана Костовска, Лена Партикова-Ременска, Зоран Илиев, Анабела Атијас и групата "Македон".
Терминот за одржување на фестивалот повторно е вратен назад како порано, во првиот викенд во октомври наместо во септември како што беше во изминатите две години. Наградниот фонд останува ист од 26.500 евра.

Т.Јовановски


Текстот е прочитан 1568 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter